ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

НАкС: Сенаторите на УКИМ да не го усвојат Етичкиот кодекс зашто ја загрозува академската слобода

April 28, 2021 13:51
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Независниот академски синдикат (НАкС) ги повика членовите на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  да не гласаат за усвојување на Етичкиот кодекс, кој е на дневен ред на утрешната сенатска седница, зашто сметаат дека е противуставен и им ја загрозува академската слобода.

Според НАкС, предложениот текст, главно, забранува, а не регулира односи врз база на етички вредности. Синдикатот смета дека тој е репресивен во неговата суштина и оневозможува квалитетна расправа и критика, која е особено важна во високообразовна институција.

-На пример, според текстот, основа за покренување постапка против прекршител на Кодексот се дела кои се подложни на арбитрарна проценка, како што се повреда на угледот на Универзитетот, неговиот интегритет, итн. Кодексот оди до таму да го санкционира синдикалното или делувањетопреку друг начин на здружување на членовите на академската заедница, во случај кога раководните органи на Универзитетот ќе се произнесат дека нивните активности го повредуваат достоинството на Универзитетот и едниците. Овие одредби претставуваат јасен обид да се спречи јавното
делување на членовите на академската заедница, надвор од официјалната догма на органите на УКИМ, наведува НАкС во соопштение.

Меѓу другото, НАкС посочува дека Кодексот се обидува да го регулира и присуството на вработените на социјалните мрежи и смета дека со тоа се прави „груб упад во личните права и слободи“. Според синдикатот, со текстот на Кодексот сериозно се загрозува правото на слобода на говор, мисла и уверување и се ограничува правото на слободно здружување на членовите на академската заедница.

-Наместо автономен Универзитет, кој обезбедува простор за дебата и критика во сопствената средина, УКИМ ќе се претвори во авторитарна институција, која го потиснува различното мислење,.. Имајќи ги предвид овие сериозни недостатоци на Етичкиот кодекс, неговото изгласување ќе им овозможи простор на органите на управување да го потиснат секој став кој е различен од нивниот, обезбедувајќи едноумие низ привидна саморегулација, наместо академска слобода, посочува НАкС и затоа ги повикува сенаторите на УКИМ наместо да го усвојат, да се спротивстават на предложениоет текст и да почнат постапка за изготвување нов кодекс.

извор: MИА

Next Post

Османи со писма до неговите колеги во ЕУ и до 50 европратеници бара материјализирање на одлуката за преговори на јунскиот самит

НАЈНОВО

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

Во месецот на машкото здравје се прават бесплатни прегледи на пациентите на штипска Урологија

November 5, 2025
Фото: Кабинет на претседател

Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk