ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи со писма до неговите колеги во ЕУ и до 50 европратеници бара материјализирање на одлуката за преговори на јунскиот самит

April 28, 2021 14:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, како дел од засилената дипломатска активност, а во контекст на европските интеграции на земјава, испрати писма до повеќе политички центри во рамките на ЕУ: министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, претседателите на политичките групи во Европскиот парламент, членовите на Комисијата за надворешна политика -АФЕТ, до пратениците од ЕП, кои се дел од неформалната група на пријатели на Република Северна Македонија, како и до други претставници на институциите на ЕУ.

Како што соопшти МНР, целта на писмата е во насока Европскиот Совет во јуни конечно да ја материјализира одлуката за почеток на преговорите од март, минатата година, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција.

-Оваа година се одбележуваат 20 години од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација меѓу Северна Македонија и ЕУ и 16 години откако го добивме статусот на земја кандидат. Историската  одлука од март минатата година, ЕУ да ги отвори преговорите за пристапување на Северна Македонија дојде како резултат на значајните достигнувања во реформите и храбрите одлуки што раководството и граѓаните на Северна Македонија ги донесоа како потврда на стратешката насока што ја избравме. Историскиот Договор од Преспа со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија беа главната одредница и иницијална каписла што ги отвори вратите за европската иднина на Северна Македонија, но истовремено дадоа поттик и за сите земји од Западен Балкан, наведува Османи во писмата.

Понатаму, Османи пишува: „Усвојувањето на Преговарачката рамка и свикувањето на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија стана силна симболична точка кон која се вперени сите погледи на нашите граѓани и целиот регион, што ги издигнува до ниво на тест  на кредибилитетот на ЕУ во однос на целиот Западен Балкан.  Затоа, започнувањето на овој реформски фокусиран, методичен и навидум технички процес ќе испрати силен охрабрувачки сигнал до нашето општество и низ целиот регион, истовремено зачувувајќи ја строгата условеност воведена со новата методологија, која воведува посилен политички надзор од страна на земјите членки и реверзибилност на процесот“.

Шефот на дипломатијата, се наведува, во периодов настапува со засилен ангажман и интензивна динамика која се огледува не само преку бројните посети низ главните метрополи на Европската унија, туку и преку други бројни иницијативи, користејќи ги сите можности за презентација на нашата приказна.

-Османи има јасна цел: Европскиот Совет во јуни конечно да ја материјализира одлуката за почеток на преговорите од март минатата година, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција. Писмата испратени се надополнуваат во дипломатската офанзива на министерот Османи, стои во соопштението од МНР.

извор: MИА

Next Post
ФОТО: МИА

Минатата година 125 несреќи на работа, 25 со фатални последици, покажува статистиката на МЗЗПР

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk