ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Г-7 повика на отпочнување на преговорите за членство Северна Македонија и Албанија во ЕУ

May 6, 2021 15:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министрите за надворешни работи на членките на Групата седум индустриски најразвиени држави (Г-7) ја потврдија нивната заедничка посветеност на безбедноста, економското закрепнување и европската перспектива на Западен Балкан, како клучна инвестиција за мирот и стабилноста и го поддржаа понатамошниот напредок во регионалната соработка, особено преку Заедничкиот регионален пазар, Зелената агенда за Западен Балкан и Берлинскиот процес, јави дописникот на МИА од Белград.

Во заедничката изјава, министрите го поддржаа официјалното отворање на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија и спроведувањето на реформската агенда поврзана со преговорите за пристапување во Унијата со Црна Гора и Србија, се вели во заедничкото соопштение од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Министрите ги повикаа Косово и Србија да се вклучат конструктивно во преговорите за дијалог со посредство на ЕУ и целосно да ги нормализираат своите односи преку сеопфатен и правно обврзувачки договор што придонесува за регионалната стабилност.

Во заедничката изјава министрите за надворешни работи на Г-7 остро го отфрлат секој обид за поткопување на територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, посочувајќи дека неоправданите шпекулации за промена на границите по етничка линија не се решение за предизвиците во регионот и дека таквите промени би претставувале закана за безбедноста во регионот.

Министрите ги повикаа сите партии во БиХ да се согласат и спроведат изборни и ограничени уставни реформи, да ги спроведат пресудите на Европскиот суд за човекови права и тесно да соработуваат со Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) и Венецијанската комисија за приближување на земјата на демократските аспирации.

Тие, исто така, ја поздравија кандидатурата на Кристијан Шмит за висок претставник во БиХ.

Во делот од заедничката изјава за Западен Балкан се потенцира важноста за унапредување на неопходните внатрешни реформи, особено во однос на владеењето на правото, вклучително и борбата против организираниот криминал, нелегалните финансии и корупцијата, со преземање силна акција против најдрастичните случаи.

Next Post

Без заклучок средбата на иницијаторите за стопирање на законот за учебници со претставниците на МОН

Shortcut

Најново

СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

August 19, 2026
Фото извор: UNHCR

ЦИВИЛ: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk