ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦУК: Продолжува соработката со Албанија во управувањето со кризни и итни ситуации

May 19, 2021 17:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Раководството на Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска имаше работна средба со високи претставници од областа на кризниот менаџмент на Република Албанија, во рамки на продолжување на соработката меѓу двете земји во управувањето со кризни и итни ситуации.

Како што соопшти ЦУК, на средбата бил в.д. директорот Стојанче Ангелов, заедно со замениот директор Екрем Зендели и кодиректорот на проектот НАТО СПС НИКС (NATO SPS NICS) Урим Вејсели.

– Генерално се разговараше за три основни теми: продолжување на досегашната соработка, за учеството на НАТО ЕАДРЦЦ вежбата во Македонија и за можната соработка и менување искуство при воспоставување на Единствениот европски број за итни ситуации 122. Притоа беше нагласено дека секоја држава во практичната надоградба ќе и помага на другата, со менување на искуствата особено во дел каде што едната држава е понапред во одредени области при имплементацијата и развојот на совремемениот менаџмент во системот за управување со кризи. Тоа е особено важно заеднички да се надоградува, беше нагласено од Ангелов, бидејќи кризите и катастрофите не признаваат и државни граници и соработката меѓу двете држави ќе спасува животи, информира ЦУК.

Делегацијата на Република Албанија престојува во дводневна работна посета на земјава и во нејзин состав се генералниот директор на Службата за заштита и спасување од пожар на Албанија, Алфред Кристули, Шкрким Гоџај – директор и Албан Љачи, главен раководител од Службата за Општина Тирана, а од Националната агенција за цивилна заштита на Албанија се директорите Клоџи Никола и Роберт Хисенлари.

ЦУК во соопштението потсетува дека во февруари годинава во Тирана,  в.д. директорот Ангелов, заедно со кодиректорот на проектот НАТО СПС НИКС Вејсели,  имаше работна билатерална средба со високи претставници и од Владата и од институциите од областа на кризниот менаџмент на Република Албанија во рамки на продолжување на соработката на двете земји во управувањето со кризни и итни ситуации.

Конкретно, тоа беше настан директно поврзан со обуката за веб-базираната комуникациска платформа „Следна генерација на Систем за командување и управување со инциденти“ (Next-Generation Incident Command System – NICS) и е дел од проектот „Напредна регионална координација при цивилни итни состојби“ во Западен Балкан којшто се имплементира во рамки на Програмата на НАТО – Наука за мир и безбедност (NATO SPS), информира Центарот за управување со кризи.

извор: МИА
Next Post

Министерот Шаќири се сретна со италијанскиот амбасадор Силвестри

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Кој е Зохран Мамдани – новиот градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk