ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЗНМ: Позитивно е што МВР постапи, чекаме ѝ судска разрешница за заканите кон новинарите

June 18, 2021 11:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

МВР достави известување до ЗНМ дека е поднесена кривична пријава против А.Е.(36) од с.Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ против новинари. Одговорот на МВР во врска со овој случај е за поздравување а следен чекор е итна проактивност од страна на обвинителството а потоа и судот со цел оние кои ги прекршуваат правата на новинарите да бидат соочени со правдата, информира ЗНМ.

Потсетуваме дека на 22.03.2021 од страна на Здружението на новинарите на Македонија до СВР Тетово беше поднесено барање за постапување по пријави за закани по безбедност на новинари и медиуми на социјалната мрежа фејсбук. Станува збор за случај во кој од профилот на оваа социјална мрежа именуван како Арбен Есати беше објавена содржина проследена со експлицитни закани кон новинари и медиумски работници од медиумите: Без Цензура, ТВ 21, Газета Експрес, Тетова Сот , Коха ТВ, Коха Њуз, Куманова Сот, ТВ Шења и Лајми Пресс.

Ваквата објава од лицето Арбен Есати предизвикала чувство на страв и несигурност од загрозување на животот на дел од новинарите од овие медиуми и на членови на нивните семејства.

По ургенцијата од страна на ЗНМ а во координација со дел од новинарите кои се засегнати од овој случај беше доставено образложено барање до МВР за итно спроведување на истрага.

Ова е прв посериозен случај за повреда на правата на новинарите кои го регистрира ЗНМ во 2021 година. Потсетуваме дека во 2020 година ЗНМ бележи вкупно 14 напади и сериозни закани кон новинарите а само еден случај имаше судска разрешница.

 

Next Post

Добивката и приходите на ТикТок двојно зголемени во 2020 година

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk