ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски на средби со Пленковиќ и Јандроковиќ – интензивирање на соработката во повеќе области

June 30, 2021 15:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија и Хрватска имаат одлична соработка на регионален и на мултилатерален план, со акцент на сојузништвото во НАТО, каде нашата држава е цврсто посветена на промовирање и споделување на заедничките вредности и одговорности, оценија претседателот Стево Пендаровски и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на денешната средба во Загреб.

Претседателот Пендаровски, кој од денеска престојува во дводневна официјална посета на Хрватска, изрази благодарност за принципиелната хрватска поддршка за неодложен почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Пендаровски воедно ја поздрави идејата за одржување прва заедничка седница на владите на двете држави, на која би се разговарало за идните насоки на соработка.

Беа разменети и информации за тековниот процес на вакцинација против Ковид-19, при што Пендаровски се заблагодари за намерата хрватската Влада да донира 10.000 дози од вакцината Астра Зенека за нашата држава.

Претседателот Пендаровски го истакна и интересот на нашата држава за интензивирање на економската соработка и трговската размена со Хрватска, за што постојат неискористени можности.

На средбата на шефот на државата со претседателот на Хрватскиот сабор, Гордан Јандроковиќ, пак, е нагласена заедничката заложба за интензивирање на парламентарната соработка.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија и Хрватска споделуваат идентични вредности во функција на остварување на заедничките цели за  мир, стабилност и просперитет на целиот регион,  за што придонесува и меѓусебната соработка како две пријателски држави и сојузници во НАТО Алијансата.

Во контекст на нашиот евроинтегративен пат, претседателот Пендаровски изрази благодарност за цврстата, недвосмислена и континуирана поддршка на Хрватска.

На средбата е изразено задоволство од развојот на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска и беше реафирмиран заемниот интерес од натамошно градење на традиционално пријателските релации меѓу двете држави преку проширување и зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес. Тие ја нагласија заедничката заложба за интензивирање на парламентарната соработка oсобено за нејзино динамизирање преку  комисиите за надворешни работи и европски прашања на двата парламента, како значаен придонес во севкупните билатерални односи и во создавањето амбиент за поквалитетна регионална соработка.

Претходно Пендаровски имаше тет-а-тет средба со неговиот домаќин, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, на која исто така беше реафирмирана поддршката од Хрватска за евроинтеграцијата на Северна Македонија, со уверување за исчекор и почеток на преговорите за членство во тек на претстојното словенечко претседавање.

Утре, на вториот ден од посетата, претседателот Пендаровски ќе се обрати на билатералната деловна средба – со фокус на инвестиции, што се организира во соработка со Хрватската трговска комора, а на која ќе присуствува и македонска бизнис делегација.

извор: МИА

Next Post

Ќе следиш политика и оро ќе играш!

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk