ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Околу 95 отсто од земјоделците во Кочанско поднеле барање за субвенции

July 3, 2021 13:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 95 отсто од регистрираните земјоделски производители во кочанскиот регион поднеле барање за добивање субвенции од програмата за директни плаќања во 2021 година на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Рокот за аплицирање, што беше продолжен до крајот на јуни, им овозможил на 2.663 земјоделци да ја достават потребната документација до Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани.

– Интересот на земјоделските производители беше навистина голем, па и покрај тоа што поради пандемијата работевме со намален капацитет, успеавме да одговориме на нивните барања. Аплицирањето почна на 5 април и првично траеше до 31 мaj, па беше продолжено до 30 јуни Дополнителниот рок за пријавување ни ја олесни работата, а истовремено на земјоделците од трите општини – Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци им помогна да ги комплетираат своите апликации и да ги достават во нашите канцеларии, истакна Горан Миладинов, раководител на подрачната единица за земјоделство во Кочани.

Дел од земјоделските производители ги доставиле барањата за субвенции по електронски пат, преку веб страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, но и тие се вклучени во вкупниот број на евидентирани подносители од регионот. Најголем број од поднесените барања за директни плаќања во земјоделството се однесуваат за субвенционирање на оризопроизводството.

Оваа година предвидени се околу 80 милиони евра наменети за субвенции на земјоделците од целата држава.

Next Post

Бочварски: Завршена и пред рокот социјалната зграда во Свети Николе, следува јавен оглас за распределба на становите

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Уапсени три жени за планирање на терористички напад во Париз

November 8, 2025
Фото: Фронтлајн

До вторник облачно време со дожд, потоа стабилно и суво

November 8, 2025
Фото: МИА

Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата, случајот со директорот на АПЗРР да се истражи докрај

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk