ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фуере: Политиката на проширување воопшто не функционира, ЕУ мора итно да го промени однесувањето

July 4, 2021 19:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија има свои вредности, но за жал не ги почитува во некои конкретни области, а една од тие области која директно ги засега Северна Македонија и регионот е политиката на проширување, која воопшто не функционира, смета поранешниот евроамбасадор во земјава Ерван Фуере.

– Тоа е неуспех на Европската Унија целосно да ги разбере негативните последици од последните ќорсокаци и бугарското вето, не само врз шансите за процесот на пристапување кон ЕУ, туку и врз граѓаните кои ја гледаа перспективата во европската иднина, оценува Фуере во интервју за 24 Вести.

Тој смета дека Унијата во моментов се соочува со многу серозни крстопати, па затоа треба да биде внимателна, бидејќи може негативно да влијае врз чувствата на граѓаните од регионот.

Осврнувајќи се на бугарското вето, Фуере нагласува дека обидите на Бугарија да ги внесе историјата и идентитетот во процесот на проширување на ЕУ, претставуваат дополнителен удар врз политиката на Унијата за проширување и ја поткопуваат нејзината позиција не само во регионот, туку и во светот.

– Со тоа ЕУ не ги почитува своите ветувања, не ги почитува своите заложби кон регионот. Ако потфрли во своето непосредно соседство, тогаш повеќе нема смисла за ЕУ. Така што Европската Унија мора итно да го промени однесувањето, вели Фуере, додавајќи дека Брисел не презема доволно мерки против оние нејзини членки кои ги поткопуваат европските вредности.

Според него, ветото на Бугарија за евроинтеграцискиот процес на земјава е срамен чин на бугарската Влада, но тоа е и срамен чин за ЕУ затоа што не успеа да спречи една своја земја членка „да ја киднапира политиката на проширување“ и да ја промовира својата националистичка агенда на начин кој е во спротивност со сите вредности на ЕУ.

– Се воодушевувам на истрајноста на македонската Влада и особено на граѓаните на кои им беа дадени многу ветувања за прифаќање на Преспанскиот договор, со перспектива дека тоа ќе ја отвори вратата за членство во ЕУ и преговори за членство, а на секој чекор бевте напуштани од ЕУ. Неуспех е на ЕУ што не го одржа ветувањето на многу флагрантен начин и мислам дека тоа покажа недостиг на разбирања во ЕУ од опасностите што и се закануваат ако продолжи со ваквата полктика, вели Фуере, додавајќи дека јазикот и политиката што ја користи Бугарија се империјалистички и претставуваат рецидив од 19-от век.

Next Post

(ВО ЖИВО) Амбасадата на САД организира прослава по повод државниот празник 4. jули

НАЈНОВО

ВИ

OpenAI: Над милион корисници на ChatGPT неделно испраќаат пораки со самоубиствени намери

October 29, 2025
Скриншот

Се урна седумкатна зграда во турскиот град Гебзе

October 29, 2025

Концерт на Национален џез оркестар и „Yellowjackets“

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk