ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кумановскиот центар за култура потпиша договор за прва фаза од проектот за гасификација

July 13, 2021 10:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ потпиша договор со избраната фирма за реализацијата на првата фаза од проектот за гасификација на објектот, соопштија денеска надлежните. Владата преку Министерството за култура обезбеди 2,3 милиони денари за делумна демонтажа и чистење на постоечка инсталација, замена на постоечки вентили со нови на системот за затоплување во големата сала и фоајето.

– Ова е клучен проект за кој добивме средства од надлежните. Потпишан е договорот со фирмата изведувач и се очекува активностите да завршат до крајот на септември, оваа година. Оваа фаза е исклучително значајна, бидејќи се овозможува да се спроведе и втората фаза од целосната гасификација на објектот-изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.

Втората фаза ќе опфати поставување на гасна котларница и приклучување на објектот кон гасоводната мрежа во Куманово. Според пресметките се очекува втората да чини осум милиони денари.

– Но, поради претстојните локални избори се очекува проектот да се спроведе наредната година, поради неможност да се распише тендер, изјави Тодоровски.

Културни манифестации не се одржуваа во центарот за култура по завршување на фестивалот „Денови на комедија“, (октомври-ноември), бидејќи нема затоплување, со што, Центарот за култура со децении губеше продуктивен период за реализација на програмата која опфаќа преку двесте содржини. Матичните форми кои опстојуваат во Центарот мораа да се снаоѓаат со посебно затоплување на просториите за да одржуваат часови.

Центарот е граден 1981 година и зафаќа површина од 4.500 метри квадратни.

извор: МИА
Next Post

Ангеловска-Бежоска: Поголемата вклученост на жените во сите општествени сегменти носи бројни економски придобивки

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk