ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев во Шуто Оризари: Продолжуваме да поддржуваме трајни проекти за подобар живот на граѓаните

July 26, 2021 14:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заев денеска се обрати на означувањето на почеток на работите на атмосферска канализација во Општина Шуто Оризари што се реализира со поддршка на еден дел од средствата од ТАВ кој концесионерот на аеродромите во нашата земја ги имаше предвидено за изградба на карго аеродром во Штип.

На настанот во Општина Шуто Оризари по тој повод говореа и градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш, и генералниот директот на ТАВ Метин Батак.

Во продолжение на ова соопштение ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Заев во целост:

Општина Шуто Оризари е една од првите општини која започнува со реализација  на инфраструктурниот проект за кој доби грант од средствата што концесионерот на аеродромите во нашата земја ТАВ, ги имаше предвидено за изградба на карго аеродром во близината на Штип.

Како резултат на одличната соработка и разбирање на кои наидовме кај менаџерите на ТАВ, поголемиот дел од сумата што беше предвидена за карго аеродромот, односно 35 милиони денари, се пренаменети и со овие пари ќе се финансираат 99 инфраструктурни проекти во 75 општини.

Станува збор за инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеење за граѓаните. Поточно, средствата се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, доизградба на детски градинки, реконструкција на основни и средни училишта, резервоари за вода, системи за водоснабдување и останати проекти.

Еден од тие проекти започнува да се реализира денеска овде во Шуто Оризари. Станува збор за изградба на атмосферска канализација на улиците „Хаџи Јован Шишко“, „Брсјачка буна“, „Гарсија Лорка“ и улицата „Нов живот“.

Вредноста на проектот е 72.6 милиони денари и тоа е највисоката сума што ја добива една скопска општина.

За дел од улиците каде што ќе се поставува атмосферската канализација е планирана реконструкција за што веќе општината обезбеди средства преку Бирото за регионален развој.

Иако се определивме за политики за максимална децентрализација и самостојност на општините, ова е уште еден проект на локалната самоуправа кој добива поддршка од Владата и од нашите партнери соработници и од меѓународните финансиски институции во насока на развој на општините.

Продолжуваме да поддржуваме трајни проекти бидејќи изградбата на локалната патна инфраструктура,  водоснабдителна мрежа, канализациони мрежи, реконструкција, изградба на градинки и училишта и спортски објекти, здравствени установи, се за подобар животот на граѓаните, за нови вработувања и економски развој.

И во оваа прилика, заедно со желбите за успешна реализација на овој проект до општината и градоначалникот Дудуш, уште еднаш ја изразувам благодарноста до ТАВ за разбирањето и соработката за реализација на овие проекти.

Next Post

ЕЦДЦ: Европа ги вклучува портокаловите аларми поради Ковид-19

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk