ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СЗО: Во европскиот регион над 60 милиони заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата

August 3, 2021 11:54
in ДЕНЕС, СВЕТ

Според Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на коронавирус во европскиот регион надмина 60 милиони од почетокот на пандемијата. Воедно, СЗО потсети дека „патувањата во странство не се без ризик“.

– Крајот на пандемијата е далеку и за жал, има повеќе од 1,2 милиони смртни случаи во европскиот регион досега како резултат на Ковид-19, изјави Дорит Ницан, директорка за итни случаи на СЗО за европскиот регион.

Таа ја истакна важноста земјите да продолжат со заедничките напори за заштита на најранливите граѓани и ризични категории.

СЗО соопшти дека повеќе од 198,02 милиони случаи на Ковид-19 се регистрирани во светот, вклучувајќи околу 4,22 милиони смртни случаи, додека се администрирани речиси 3,84 милијарди дози вакцини.

– За да се запре пандемијата, треба да ги изедначиме можностите за вакцинација во сите земји, вклучително и поддршка за производство на вакцини и споделување дози по потреба, за да ја заштитиме ранливата популација во секоја земја, рече Ницан.

Процентот на вакцинирани е многу различен во 53 земји во европскиот регион на СЗО, кој вклучува земји од Гренланд на северозапад до крајниот исток на Русија.

– Бидејќи се покажа дека вакцините се ефикасни во спречување на сериозни болести и смрт, повеќе случаи на коронавирус во приоритетните групи ќе значат повеќе хоспитализации и смртни случаи. Затоа мора итно да ги вакцинираме приоритетните групи, истакна таа. /МИА/.

Next Post

Пладневен преглед: Пожарите целосно локализирани и под контрола, Армијата активно вклучена во гасењето, тешка илинденска ноќ

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk