ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Почнува расправата за илјадниците амандмани за измените на Изборниот законик

Согласно собранискиот Деловник, со оглед на тоа што станува збор за предлог-закони што не се со европско знаменце, не може да се ограничи расправата на членовите на Комисијата.

December 18, 2019 09:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на која треба да почне амандманската расправа за предлог-измените на Изборниот законик, кои предвидуваат една изборна единица и отворени листи.

За двата предлог-закона на помалите партии, првиот за една изборна единици и вториот за отворени листи, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ имаат поднесено илјадници амандмани, така што не се очекува расправата да заврши пред распуштањето на Собранието на 11 февруари, поради одржувањето на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Согласно собранискиот Деловник, со оглед на тоа што станува збор за предлог-закони што не се со европско знаменце, не може да се ограничи расправата на членовите на Комисијата.

Пратеничката група на ДУИ ги образложува илјадниците поднесени амандмани со забелешката дека процесот за измени на Изборниот законик се води еднонасочно, еднострано и оти менување на правилата на игра пред избори е опасен преседан со кој би се соочила политичката сцена во земјава. Сметаат дека изборните правила на игра мора да се донесат консензуално во согласност со сите политички партии.

И ВМРО-ДПМНЕ е на став дека секој Изборен законик треба да се донесе со што поширок партиски консензус и што подалеку од изборниот момент.

– Не може нов Изборен законик да се носи без согласност на најголемите релевантни политички партии и да се носи еден или два месеца пред избори. Без разлика колку сегашниот или можниот иден изборен модел може да бидат подобри или помалку добри од она што денес го имаме како изборна пракса – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ од друга страна поддржува измени со кои се предвидуваат една изборна единица и отворени листи, и бара од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ги повлечат амандманите и да се отвори дебата.

Поднесувањето на големиот број амандмани го оценуваат како обид на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за блокирање на процесот. Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, според СДСМ, испраќаат нечесна и недржавничка порака, а оние на владиниот колаициски партнер ДУИ се сериозна причина за размислувања кои социјалдемократите ќе ги отворат.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вели дека со измените најмногу ќе изгубат големите партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но ќе добијат државата, помалите партии и демократијата..

Според предлагачите за една изборна единица и отворени листи, актуелната поделба на шест изборни единици е пречка за фер изборен натпревар зашто ги фаворизира големите политички партии, на сметка на помалите и на евентуалните независни листи. Помалите партии сметаат дека воведувањето една изборна единица без изборен праг и отворени листи ќе обезбеди политички плурализам и демократизација.

Next Post

Претставничкиот дом ја подготвува процедурата за отповикување на американскиот претседател

Shortcut

Најново

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026
Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп воведе нови царини за над 80 земји

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk