ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦУК: Почна имплементацијата на eвропскиот број за итни повици 112

Паралелно, со набавката на опремата ќе се работи и на обука на лица кои ќе ги примаат повиците и ќе управуваат со нив, соопшти ЦУК.

December 18, 2019 21:25
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека имплементацијата на единствениот европски број за итни повици 112 е почната и во најголем процент воведувањето во употреба на овој број треба да заврши кон крајот на 2020 и почетокот на 2021 година.

ЦУК информира дека 112 е телефонски број за итни повици за граѓаните на Македонија, како и странции кои се наоѓаат на наша територија, а забележале настан со потенцијална опасност за животот на луѓето или материјалните добра.

– Согласно добиените финансиски средства од страна на Европската комисија во рамките на програмата „Миграција и азил, гранчен менаџмент и борба против тероризам и организран криминал“, како и предвидените финансиски средства во буџетот на Центарот за управување со кризи за следните три години, започната е имплеметнацијата на проектот. Паралелно, со набавката на опремата ќе се работи и на обука на лица кои ќе ги примаат повиците и ќе управуваат со нив, соопшти ЦУК.

Од ЦУК дополнуваат дека со воведувањето во употреба на единствениот европски број за итни повици ќе биде обезбедено и мултијазична поддршка, достапност до бројот до многу ранливи категории на луѓе, луѓе со различен вид на попреченост, како и достапност до бројот 112 преку социјалните мрежи.

Во моментов, како што велат, се работи на градежно, имформациско и комуникациско уредување на просторот наменет за оперативниот центар.

Наредната година ЦУК ќе се фокусира на имплементација на Процената на загрозеноста на безбедноста на земјава од сите ризици и опасности на државата, Процени на загрозеноста на подрачјата на општините и Град Скопје и Веб базирана алатка „e-procena“.

– Процената претставува документ кој е во функција на планирање и организација на системот за управување со кризи, го помага процесот на одлучувањето на надлежните носители на функции и одговорности, ја поддржува комуникацијата, координацијата и употребата на ресурсите заради превенција, рано предупредување и справување со сите ризици и опасности кои можат да го загрозат животот и здравјето на луѓето, материјалните и природните богатства, како и општата безбедност на државата, информира ЦУК.

Next Post

Роналдо, Меси, Ван Дајк и Салах - финалисти во изборот на „Глоуб Фудбал“ за „Играч на годината“

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk