ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хоџа: Законот за земјоделско земјиште се очекува во септември да се најде на собраниска процедура

September 2, 2021 13:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Подготвена е завршната верзија на Законот за земјоделско земјиште со сите забелешки од страна на засегнатите страни. Законот е доставен до Владата и понатаму треба да се достави во собраниска процедура, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа на денешната прес-конференција одржана по повод една година од неговиот министерски мандат.

Хоџа посочи дека на дебатата најмногу се посветиле на забелешките, односно во делот на пренамените или како што вели тој да не се ограничи урбаниот план на општините со земјоделското земјиште.

– Беше побарано да се тргне делот на стратешки инвестиции и тој дел целосно го нема во Законот. Мислам дека веќе имаме Закон што самите земјоделци го бараа и е согласно нивните потреби, додава Хоџа.

Во однос на големината на парцелите, министерот појасни дека нема да бидат ограничени, односно за тие што поседуваат поголеми парцели, Владата ќе одреди до кој процент можат да се купуваат од самите концесионери.

Министерот Хоџа додаде и дека новиот Закон предвидува десет години да не се пренамени земјиштето за цели на општината. Тој истакна дека поради потребите на општините и развојот земјоделското земјиште што ќе се пушти на продажба ќе биде само тоа што не се граничи со границите на генералните урбанистички планови на општините.

– Остануваме отворени во однос на дебатата во Собрание, доколку има и други предлози да ги разгледаме. Законот е пуштен во владина постапка и во текот на септември ќе биде во собраниска процедура, вели Хоџа.

Тој додаде дека прва постапка за земјиштата според процедурите и согласно Законот ќе биде понудата на тие што веќе имаат договори за закуп, а потоа и за слободните земјоделски земјишта.

извор: МИА
Next Post

Бочварски: Ги надминавме проблемите, интензиво се гради експресниот пат Градско-Прилеп

НАЈНОВО

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

August 24, 2025

Д-р Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk