ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бугарско МНР: Бугарија ќе посвети посебно внимание на процесите поврзани со создавање на услови за самоидентификација на граѓаните со бугарска определба

September 5, 2021 20:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Бугарското Министерство за надворешни работи излезе со став за почитување на правата на бугарските граѓани и државјани со бугарски идентитет во Република Северна Македонија во врска со изјавата на премиерот Зоран Заев од 3 септември, за правата на Бугарите во Северна Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во документот се вели дека Софија во неколку наврати изјавила дека е свесна за проблемите со кои Бугарите се соочувале во минатото и дека за жал продолжуваат да се соочуваат до ден денес, а тоа било репресија, говор на омраза и нееднаков третман.

– Континуираната практика на овековечување на предрасудите и негативните стереотипи кон Бугарија и бугарскиот народ, вклучително и преку медиуми, учебници и споменици, како и напади врз бугарските национални симболи и спомен плочи, дополнително придонесува за создавање негативни ставови и неповолна средина за бугарските граѓани во Република Северна Македонија, пишува во документот на бугарското Министерство за надворешни работи.

Се наведува дека Република Бугарија инсистира на јасна и недвосмислена позиција на властите во Република Северна Македонија да преземат конкретни активности за изградба на интегрирано општество базирано на владеење на правото и заштита на човековите права. Гарантирањето на уставните права на граѓаните со бугарска определба на рамноправна основа со сите други граѓани на Република Северна Македонија, без дискриминација, ќе им реши голем број егзистенцијални прашања. Важноста за одржување добрососедски односи, а особено доследната имплементација, со добра волја, на билатералните договори со земјите -членки на ЕУ, постојано беше нагласена од Советот на ЕУ. Имплементацијата на одредбите и духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка склучен во 2017 година е од клучно значење и останува предуслов за напредок во процесот на пристапување на земјата во ЕУ.

Како заклучок, во документот се наведува дека Бугарија ќе посвети посебно внимание на сите процеси поврзани со создавање на неопходните услови  за самоидентификација на граѓаните со бугарска определба.

Next Post

Вечерен преглед: Приведениот дипломат бил испратен во Мисијата на ОБСЕ кога со МНР раководел друг министер, вели Димитров, 21 починат од ковид 19

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk