ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Воведен едношалтерски систем во ТИРЗ за поедноставен пристап до услугите и поддршката за компаниите

October 3, 2021 12:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Странските инвеститори во ТИРЗ имаат најмногу барања поврзани со информации за државна помош, дозволи за реконструкција и доградба и можности за проширување на инвестициите, но особено им е потребна поддршка при процеси поврзани со други институции како дозволи за работа, регулирање престој на странски експерти од матичните компании и царински услуги, покажува анализата од ефектите на новововедениот систем за грижа на корисници во ТИРЗ, таканаречен „Систем на една точка“.

Целта на системот е обезбедување поедноставен пристап до услугите за компаниите и персонализирана поддршка за нивните барања и потреби во фазата на пред и пост-инвестициските активности.

Од воведувањето на новиот систем, во ТИРЗ, од март до сега, се пристигнати 328 барања од странските компании активни во зоните. Најголемиот дел од нив, 75 отсто се барања поврзани со процесите во ТИРЗ, додека 25 отсто се однесуваат на постапки и процеси на други државни институции. Новиот систем предвидува брзи и прецизни рокови за постапување, па од вкупниот број барања 70 отсто се веќе процесирани и одговорени, а 30 отсто се во процес на решавање.

-Со воведување на едношалтерски систем на инвеститорите им нудиме индивидуализирана поддршка на едно место од планирање до инвестиција, па до поддршка во работењето и спроведување на инвестициските проекти. Инвеститорите сега треба да тропнат само на една врата наместо на десет со што овозможуваме професионална и навремена грижа и ефикасна комуникација. Поттикнавме и низа измени во процедурите и решенија за обезбедување брз пристап до бараните услуги поврзани со други државни институции. Отворивме и директен дијалог со бизнис заедницата и странските компании и заедно работиме на унапредување на услугите и деловната клима во земјава. Отворена и функционална двонасочна комуникација е клучна за долгорочен успех и успешно партнерство, вели Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.

Новиот систем за грижа за корисници, кој е дел од новиот концепт на ТИРЗ се заснова на три столба, поддршка при обезбедување на информации и процесирање барања поврзано со услугите на Дирекцијата, поддршка во обезбедување квалитетни јавни услуги од други институции на државно и локално нивo како и поддршка во обезбедување на потреби поврзани со пазарот. Секоја компанија има назначено „единствено контакт – лице“ кое им е постојано достапно. Новиот систем е делумно дигитализиран, односно воведена и опција за поднесување барања во дигитален формат.

Исто така, како што информираат од ТИРЗ, веќе е завршена измената на Упатството за оправдани инвестициски трошоци која за првпат е изработена од меѓународна ревизорска куќа, ПрајсвотерхаусКуперс и во соработка со компаниите со што се обезбедува поефикасен систем за исплата и следење на државната помош.

Ова е дел од процесот кој го започна Дирекцијата за ТИРЗ во партнерство со Советот за странски инвеститори и Асоцијацијата на странски компании со напредно технолошко производство, преку серија дебати со компаниите заеднички да се работи на унапредување на услугите на државата за инвеститорите. Исто така веќе се спроведува и инвестициски циклус од 15 милиони евра во основната инфраструктура во повеќе зони, план кој за првпат е изготвен во соработка со корисниците и според нивните потреби./МИА/. 

Next Post

Со доопремување на училиштата ќе се комплетира реформата во образованието, најави премиерот Заев

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk