Оле Гунар Солскјер и официјално повеќе не е менаџер на Манчестер Јунајтед, соопштија од англискиот клуб.
Неговата улога на претстојните натпревари ќе ја преземе неговиот поранешен помошник Мајкл Керик.
Клубот дефинитивно ќе бара тренер кој ќе го води тимот до крајот на сезоната.
Уште еден катастрофален пораз оваа сезона го осуди Оле. Јунајтед беше поразен од Ватфорд со убедливи 4:1 во 12. коло од Премиер лигата, а раководството на Јунајтед направи итен состанок на кој било одлучено Норвежанецот повеќе да не биде на клупата на „црвените ѓаволи“.
Manchester United can confirm that Ole Gunnar Solskjaer has left his role as Manager.
Thank you for everything, Ole ❤️#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) November 21, 2021
„Оле секогаш ќе биде легенда на Манчестер Јунајтед и со жалење дојдовме до оваа тешка одлука. Иако изминатите неколку недели беа разочарувачки, тие не треба да ја прикријат целата работа што тој [Солскјер] ја направи во изминатите три години за да ги обнови темелите за долгорочен успех“.
– Манчестер Јунајтед објави дека Мајкл Керик сега ќе го преземе тимот за претстојните натпревари, додека Манчестер Јунајтед бара да назначи привремен менаџер до крајот на сезоната.
– Ќе биде „заемен договор“ за разделба, со вклучена компензација за договорот на Солскјер.
– Управниот одбор на Манчестер Јунајтед одлучи Оле да биде отпуштен во сабота навечер, по внатрешниот разговор одобрен од Глејзер.“, се наведува во официјалната изјава од клубот.
J. Ѓ.