ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Народна банка: И натаму се намалува просечната каматна стапка на кредитите

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата, како што посочуваат од НБ, овој месец, не забележа месечна промена

September 30, 2019 18:08
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Просечната каматна стапка на вкупните депозити, додаваат, се задржа на нивото од 1,38 отсто од претходниот месец, додека на годишно ниво забележа пад од 0,04 процентни поени.

– Во август, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити оствари месечно намалување од 0,07 процентни поени и изнесува 4,61 отсто, додека споредено на годишна основа, кај оваа каматна стапка е остварено намалување од 0,24 процентнипоени. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 1,10 отсто и на месечна и годишна основа се намали за 0,17,односно за 0,44 процентни поени, соопшти НБ.

Просечната каматна стапка, пак, на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, во август, забележа пад од 0,04 процентни поени и изнесува 4,38 отсто. Притоа, надолната промена, велат од НБ, се должи на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,05 и 0,03 процентни поени), во услови на непроменета каматна стапка на кредитите во странска валута. Споредено на годишна основа, кај оваа каматна стапка е забележан пад од 0,43 процентни поени.

-Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, изнесува 4,22 отсто, што преставува месечен пад од 0,02 процентни поени. Падот се должи на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,21 и 0,04 процентни поени), во услови на раст на каматната стапка на кредитите во странска валута (за 0,20 процентни поени). Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор бележи намалување од 0,36 процентни поени  во однос на август минатата година, посочуваат од НБ.

По три месеци непроменето ниво, велат, каматната стапка на вкупните депозити накорпоративниот сектор се намали за 0,03 процентни поени и во август изнесува 1,58 отсто. Надолната месечна промена во целост произлегува од падот на каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,19 процентни поени), при непроменета каматна стапка на депозитите во странска валута и раст на каматната стапка на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,03 процентни поени). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,02 процентни поени.

– Во август годинава, просечна каматна стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор изнесува 0,89 отсто, што преставува пад за 0,33 процентни поени во однос на претходниот месец. Падот е резултат на надолното поместување кај сите компоненти во рамките на оваа категорија: каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула, каматната стапка на депозитите во странска валута и каматната стапка на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,44, 0,14 и 0,02 процентни поени). Во споредба со август минатата година, оваа каматна стапка бележи годишен пад од 0,60 проценти поени, појаснуваат од НБ.

Според НБ, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во август, изнесува 5,84 отсто и забележа месечен пад од 0,02 процентни поени. Надолната промена се должи на намалувањето кај сите компоненти во оваа категорија, и тоа кај каматните стапки на кредитите одобрени во странска валута (за 0,03 процентни поени) и кредитите во денари без и со валутна клаузула (за 0,02 процентни поени). Гледано на годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,34 процентни поени.

-Кај просечната каматна стапка на новоодoбрените кредити на домаќинствата е остварен пад од 0,05 процентни поени на месечна основа и таа изнесува 5,22 отсто. Притоа, месечниот пад во целост произлегува од надолната промена кај каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,11 процентни поени), додека каматните стапки на девизните кредити и денарските кредити со валутна клаузула оствариле раст (за 0,14 и 0,01 процентни поени). На годишно ниво, оваа каматна стапка забележа намалување за 0,13 процентни поени.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата, како што посочуваат од НБ, овој месец, не забележа месечна промена и се задржа на нивото од 1,35 отсто. Оваа каматна стапка на годишна основа е намалена за 0,05 процентни поени.

‒ Во август, кај просечната каматна стапка на новопримените депозити на домаќинствата е забележан месечен пад од 0,07 процентни поени, со што таа се сведе на нивото од 1,23 отсто. Надолната промена произлегува од падот на каматните стапки на депозитите во странска валута и денарските депозити без валутна клаузула (за 0,04 и 0,02 процентни поени), во услови кога не се примени денарски депозити со валутна клаузула. Просечната каматна стапка на новопримените депозити на домаќинствата бележи пад за 0,36 процентни поени, споредено на годишна основа, потенцираат од Народната банка.

Извор: МИА

Next Post

„Хемофарм“ го повлекува лекот „Ранитидин“ поради појава на нечистотија што може да биде штетна за здравјето

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk