ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВМРО-ДПМНЕ ги објави предлозите за техничката влада

December 30, 2019 16:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ за министер за труд и социјална политика во техничката влада ќе ја предложи д-р Рашела Мизрахи, за заменик-министер за земјоделство Цветан Трипуновски, за заменик – министер за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и за заменик-министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски. Техничката влада која се очекува да биде избрана на 3 јануари, треба да ги спроведе предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април 2020 години, пренесува МИА.

За технички министер за труд и социјална политика е предложена Рашела Мизрахи, која докторирала на Универзитетот Бар Илан во Израел, каде станува доктор на науки по биохемија. Има остварено научно истражувачки дејности од повеќе области на Универзитети во Израел, Канада и Македонија, како што се биохемија и молекуларна биологија на репродуктивни клетки на катедрата на проф. Хаим Браитбарт на Универзитет Бар Илан и менаџмент на генетскиот потенцијал во Онтарио, Канада.

Своето работно искуство го стекнува на Институтот за истражување во кардиологија – Њуфелд, Медицински Центар – Шива, Израел, како и на Физиологија на репродукција, лабораторија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј и повеќе други обуки. Мизрахи работела како консултант на Глобалниот фонд во рамки на програмата за туберкулоза, на мониторинг на лабораторија во Израел, како и Асистент на катедрата за Физиологија при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје.

Цветан Трипуновски, е ќе биде предложен за нов заменик министер за земјоделство. Тој има работено во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како државен советник. Претходно од 2015 до 2017 година ја извршуваше и функцијата директор на Државниот земјоделски инспекторат, а во периодот од 2006 до 2008 година е прв човек на државната фитосанитарна лабораторија. Трипуновски од 2008 година до 2012 година беше пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, а од 2017 година е и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. По струка е дипломиран земјоделски инженер, а моментно е и постдипломец на Земјоделскиот институт во Скопје.

За нов заменик министер за финансии ќе биде предложена Гордана Димитриеска Кочоска. Димитриеска Кочоска е магистер по економски науки на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Вработена е во приватна компанија како финансиски консултант во областа на контролинг и финансии. Претходно работела во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а воедно во одреден период е и директор за финансии во ЕЛЕМ, во времето кога со оваа компанија управуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Димитриеска Кочоска поседува обуки, професионални надградби и меѓународни сертификати од повеќе области, како што е анализа на финансиски извештаи, сметководствена аналитика, менаџирање, контрола и управување, завршила и Академија за контрола, во Менаџмент центар Белград, а лиценцирана од CA Akademie AG.

Актуелната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска Стојковски ќе биде предложена за заменик министер за информатичко општество и администрација.  Претходно работела во Секретаријатот за европски прашања и во Агенцијата за странски инвестиции, каде што била координатор на економските промотори и работела на привлекување странски инвестиции. Таа е магистер по европско право и право на Европска Унија. Има знаење и пракса од повеќе меѓународни обуки како што е работа на прашања поврзани со ОН, организирана од секторот за мултилатерала на МНР. Била ангажирана на националната програма за усвојување на правото на ЕУ, координација на ЕУ фондови и други обуки.

Next Post

Потпишан колективен договор во културата

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk