ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска го посети ФЕИТ кој доби поддршка од МОН за развој на двете научни лаборатории во состав на факултетот

December 16, 2021 18:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

-Убаво е кога наместо разни изговори дека не постојат можности или дека нема услови за вложување во развој на сопствените капацитети, во подигнување на квалитетот на наставно научниот процес во рамки на една високообразовна установа, ќе слушнеме и видиме иницијативност, континуирани заложби и изнаоѓање начини преку кои се унапредува работата на еден факултет и сиот труд вродува со успех кој е верификуван и од меѓународни инстанци.

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска, при денешната посета на Факултетот за електротехника и информациски технологии во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„ФЕИТ станува институција која треба да биде пример за останатите високообразовни установи во државата. Јас на раководството и наставно – научниот кадар им посакав овој квалитет кој го имаат постигнато, не само да го одржуваат, туку да продолжат да го надградуваат и така да останат национален бренд кога е во прашање стручното академско образование, но и да станат препознатливи во пошироки размери, привлекувајќи го вниманието и интересот и на странски студенти“, рече Царовска, додавајќи дека секогаш има начини како да се унапреди наставно научната дејност.

„ Во последно време, државата ги препознава и излегува во пресрет на барањата на наставниот и научно – истражувачкиот кадар. Ако буџетот за наука пред 3 години беше околу 250 милиони денари, годинава е речиси двојно поголем. Ќе потсетам дека само во текот на минатиот месец, МОН преку два јавни повици додели средства за финансирање на научно – истражувачи проекти од посебен јавен интерес кои ќе ги реализираат седумте јавни научни институти во вредност од 19 милиони денари, како и 224 милиони денари кои им ги доделивме на високообразовните установи како поддршка за развој на лабораториските ресурси во 44 лаборатории. Со оваа мерка е опфатен токму и овој факултет, каде ќе се инвестира во подобрување на условите за работа на две лаборатории“, рече Царовска.

Едната е лабораторија за испитување на електромагнетни влијанија и ќе добие поддршка за формално признавање на компетентноста, а другата е лабораторија законтрола на храна со јонизирачко зрачење и добива поддршка за одржување на техничката компетентност и воведување на нови аналитички методи. Деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски, е горд на постигнатите резултати на факултетот.

„Добиените акредитации на нашите студиски програми го потврдуваат високиот квалитет на образовниот процес на ФЕИТ. Извештајот од меѓународните експерти покажа дека структурата на студиските програми и резултатите кои се постигнуваат (знаење, вештини и компетенции на студентите), расположливите ресурси на ФЕИТ, релациите со општеството и механизмите за обезбедување квалитет се на ниво на европските високо-образовни институции. Со ова, нашите студиски програми и официјално се препознаени во европскиот образовен простор, што значи и поголеми можности за нашите студенти“ рече Ташковски.

Министерката потврди дека МОН ќе ја продолжи поддршката кон високото образование и науката во иднина, затоа што, како што рече, на сите нам ни е јасно колку значи вложувањето во развој на применета наука за да имаме општествот кое напредува и е конкурентно по наука, знаење и иновации на меѓународниот простор.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Донесен Буџетот за 2022, приоритет забрзување на економскиот раст и заштитата на јавното здравје

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија со одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници и самостоен настап во одредени општини

September 28, 2025

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

Филипче од Конвенцијата: Да подадеме рака секому, водени од грижата, солидарноста, достоинството и слободата како наши темелни вредности

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk