ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: Со регулација на нестaндардните форми на вработување ќе создадеме нови работни места

December 22, 2021 11:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на работилница на тема „Валидација на нестандардни форми на вработувања во македонски контекст“, организирана од Меѓународната организација на трудот.

Министерката Шахпаска нагласи дека со новиот закон за работни односи на кој Министерството за труд и социјална политика работи заедно  со социјалните партнери, прецизно и јасно се регулирани нестандардните форми на вработување, со што работните процеси ќе бидат прилагодени на новите потреби на  пазарот на трудот. Истовремено правата на работниците ќе бидат целосно заштитетни, бидејќи ќе бидат отстранети сите можности за злоупотреба и манипулација.

„Со добра регулација и имплементација на нестандардните форми на вработување се овозможува брзо прилагодување на работодавачите на динамичниот пазар на труд и справување со недостигот на работна сила. Од друга страна, на работниците ќе им го олесни пристапот до нови работни места, посебно на маргинализираните групи, младите, жените, постарите работници и мигрантите. Нестандардните форми на вработување не смеат да бидат средство за намалување на трошоците за работна сила на сметка на основните работнички права. И затоа, при нивната регулација мора да бидеме многу претпазливи. Работникот и неговите права во ниту еден момент не смеат да бидат загрозени“, оцени министерката Шахпаска.

Таа нагласи дека со новиот закон за работни односи јасно ќе бидат регулирани договорите на определено време, работата од далечина и работата од дома, ангажирањето на работници во домаќинства, сезонските и повторливи сезонски работи, работа со неполно работно време.

„Подобро ќе биде регулиран и работниот однос адресирајќи ги прикриените вработувања, кои се суштинска девијација од стандардното вработување. Ова се исклучително важни прашања и токму затоа оваа работилница е многу важна за нас како држава, за да можеме да донесеме вистински решенија кои ќе бидат во интерес и на работниците и на работодавачите, а со тоа ќе бидат во интерес на државата“, рече министерката Шахпаска.

На работилницата се обрати и националниот координатор на МОТ, Емил Крстановски. Онлајн учествуваа и меѓународни правни и економски експерти од областа на пазарот на трудот, за социјален дијалог и трудово право, но и експерти и универзитетски професори од Република Северна Македонија, а присутни беа и претставници  на работниците и на работодавачите.

 

Next Post

Производителите на комерцијални авиони во САД бараат да се одложи воведувањето на 5Г мрежата

НАЈНОВО

Фото: МИА

Владата правела големи анализи за заштита од високите цени на храната, ќе имало долгорочни мерки

August 22, 2025

Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици

August 22, 2025

Велика Британија, Франција и 19 други земји го осудија планот на Израел за населување на окупираниот Западен Брег

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ако поради можноста независните да се кандидираат со два потписа изборниот процес не успее, Владата има уставна можност да постави повереници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk