ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Ги поставивме зелените финансии како стратешка цел и работиме на монетарни политики за нивно поттикнување

January 10, 2022 10:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска најавува дека од годинава централната банка ќе воспостави редовен систем на прибирање подетални податоци за зеленото финансирање, а ќе се спроведе и анкета која ќе даде одговор за свесноста на банките за ризиците од климатските промени врз нивното портфоли и за тоа дали планираат нови производи кои спаѓаат во зелени финансии.

Во интервју за „Марили“, гувернерката посочува дека климатските промени веќе имаат видливи ефекти врз глобалната економија, а со тоа и врз финансискиот сектор и дека е неопходно носителите на политиките да му посветат поголемо внимание на ова прашање.

– Народната банка ги постави зелените финансии како стратегиска цел и работи на осмислување монетарни мерки за нивно поттикнување. Се размислува и за формирање „зелено“ портфолио на хартиите од вредност во девизните резерви, а се планираат и насоки за банките за зелено финансирање и стрес-тестирање на банките на отпорноста на климатските промени, вели Ангеловска-Бежоска. 

Гувернерката додава дека врз основа на анализата, следејќи ја европската практика, планираат да изготват насоки за работењето на банките во доменот на зелените финансии, вклучително и за транспарентното финансирање. За оцена на отпорноста на банкарскиот систем на климатските промени се планираат стрес-тестови, за што ќе биде неопходно засилување на институционалниот капацитет и на регулаторот, и на банките.

– Исто така, активно се работи на осмислување монетарни мерки коишто ќе го поттикнат зеленото финансирање, а во делот на управувањето со девизните резерви се размислува за формирање посебно „зелено“ портфолио на хартии од вредност, посочува Ангеловска-Бежоска.

Додава дека според анкетните истражувања спроведени во 2021 година, 63 проценти од централните банки ги гледаат зелените финансии како дел од нивниот мандат, за разлика од 46 проценти во 2017 година.

– И ние, како централна банка, препознавајќи ги ризиците од климатските промени на долг рок, зазедовме проактивен став во општеството во врска со ова прашање. Од март 2021 година, станавме дел од Мрежата за зелени финансии во која членуваат централни банки и супервизорски тела, со што веќе сме дел од платформа преку којашто можеме да ги следиме, но и активно да се вклучиме во сите нови меѓународни иницијативи на ова поле, вели Ангеловска-Бежоска.

Во однос на тоа што може да направи банкарскиот систем во врска со влијанието на климатските промени, гувернерката истакнува дека клучно е попрецизното утврдување на поврзаноста на финансискиот сектор со одржливи и со неодржливи сегменти во економијата, како и вложувањето напори за сѐ позастапена „зелена“ компонента во финансиите во економијата.

– Ова се однесува на домашните банки, коишто имаат голем финансиски потенцијал, но учеството на зелените кредити е сѐ уште ниско, или само 2,5 проценти од вкупните кредити. Околу една четвртина од овие кредити се финансирани преку наменски кредитни линии од меѓународните финансиски институции, коишто во натамошниот период исто така можат да имаат значајна катализаторска улога во овој сегмент, вели гувернерката.

Според неа, охрабруваат податоците добиени врз основа на информации од последните анкети на Народната банка, според кои околу 70 проценти од банките одобруваат кредити за проекти коишто имаат позитивно влијание врз животната средина, 43 проценти од банките имаат воспоставено и формален систем на идентификување зелени проекти, а учеството на зелените кредити иако е мало, сепак има тренд на раст.

– Ова покажува сѐ поразвиена свесност и кај банките за прашањето на одржливоста, а нивното сѐ поголемо насочување кон зелените финансии има двојна улога ‒ од една страна, ја подобрува структурата на економијата во целина, а од друга страна, ја јакне отпорноста на банкарскиот систем на овие ризици, оценува гувернерката на централната банка. /MИА/. 

Next Post

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска наместо бесплатен јавен превоз, го поскапуваат превозот во ЈСП

Shortcut

Најново

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk