Триесет и шестгодишниот Рајнхард Синага, индонезиски студент кој се школувал во Манчестер, Велика Британија денеска од тамошниот суд е осуден на доживотен затвор. Тој е осуден за силување, обид за силување и за сексуално злоставување на 48 мажи во период од 2015 до 2017 година.
Полицијата се сомнева дека бројот на жртвите е многу поголем, бидејќи сега осудениот имал навика да ги снима жртвите како ги малтрeтира.
На тие снимки, според полицијата од Манчестер има околу 200 лица, а некој малтретирања траеле и до осум часа.