ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

САД се подготвени за дополнителни акции против Иран во случај на потреба

За САД, убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани е чин на самоодбрана, и ако треба земјата ќе презеде дополнителни мерки за заштита на американскиот персонал и интереси, се вели во писмото што амбасадорката на САД во ОН, Кели Крафт, го испратено синоќа до Советот за безбедност, пренесува МИА. Во писмото се укажува дека САД, исто така, се „спремни за сериозни преговори со Иран без никакви првични услови, за избегнување на натамошни закани по светскиот мир и безбедноста или ескалација од страна на иранскиот режим“

January 9, 2020 20:27
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

За САД, убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани е чин на самоодбрана, и ако треба земјата ќе презеде дополнителни мерки за заштита на американскиот персонал и интереси, се вели во писмото што амбасадорката на САД во ОН, Кели Крафт, го испратено синоќа до Советот за безбедност, пренесува МИА.

Во писмото се укажува дека САД, исто така, се „спремни за сериозни преговори со Иран без никакви првични услови, за избегнување на натамошни закани по светскиот мир и безбедноста или ескалација од страна на иранскиот режим“.

Убиството на Сулјемани, што се случи во петокот во Багдад, се оправдува врз основа на член 51 од Уставот на ОН, се вели во писмото на Крафт.

-Ако треба, САД се подготвени да преземат дополнителни мерки за заштита на американскиот персонал и интереси, пишува дипломатот.

Членот 51 од Уставот на ОН бара земјите членки на ОН „веднаш да го известат“ Советот за безбедност за секакви мерки преземени за реализација на правото на самоодбрана. Оваа мерка САД ја искористија за да се оправдаат акциите преземни против милитантите на „Исламска држава“ во Сирија во 2014 година.

Истовремено, Иран ги инфорираше ОН дека како одговор на воздушниот удар на САД, Техеран презел „одмерени и сразмерни“ мерки од воен карактер. Притоа Иранците изјавија дека „не се стремат кон ескалација или војна“.

Сепак, амбасадорот на Иран во ОН, Маџид Тахт-Раванчи, предупреди дека Техеран ќе реагира „одлучно“ на „секакви нови воени авантури против земјата“, и „на секаква агресија“.

Во писмото испратено синоќа до СБ на ОН и до генералниот секретар Антониу Гутереш, Раванчи изјави дека во раните утрински часови на 8 јануари Иран „нанел удар по американска воздухопловна база во Ирак, од каде била реализиран кукавичкиот напад против маченикот (Касем) Сулејмани“.

Според него, Иран го искористил правото на самоодбрана според членот 51 од Уставот на ОН.

-Операцијата беше изведене со прецизни удари и насочена против воени цели. Не се предизвика пропратна штета за граѓанските ресурси во тој реон, се вели во писмото на иранскиот дипломат.

Next Post

„МАН“ во март ќе ги испорача првите 6 еко-автобуси за ЈСП – Скопје

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk