ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Путин тврди дека заработува 140.000 долари годишно и има стан од 800 квадратни метри, но се проценува дека „тежи“ 200 милијарди долари

March 20, 2022 14:19
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Кремљ тврди дека Путин заработува годишна плата од 140.000 долари. Неговиот јавно обелоденет имот вклучува стан од 800 квадратни метри, приколка и три автомобили.

Најбогатиот човек на светот?

Но, според експертите и истражувачките новинари, тој е можеби најбогатиот човек во светот, со имоти и кеш во вкупна вредност до 200 милијарди долари.

Иако тоа е апсурдна сума на пари за кој било да ги поседува, оваа бројка можеби не е недостижна за Путин. Повеќе медиуми, групи истражувачки новинари и тимот на водечкиот руски опозиционер, Алексеј Навални, сега в затвор, прибраа голем број докази за непрегледното богатство на рускиот милитантен диктатор и воен злосторник, Путин. Голем број стории беа објавени во изминатите 8 години по првата руска инвазија на Украина во 2014 година, меѓу кои е и сторијата на онлајн изданието на списанието Fortune на 2 март 2022.

Во една претходна сторија објавена во истото списание во 2017 година, се проценува дека богатството на Путин е поголемо од оние на Бил Гејтс и Џеф Безос заедно. Но сѐ до бруталната агресија врз Украина во 2022 година, светот молчеше и не направи ништо особено во врска со мистериозното богатење на рускиот претседател кој прикажува релативно скромни примања од државата. Дали санкциите сега ќе допрат и до богатството на Путин, за сега останува непознаница.

Опседнат со скапи часовници

Часовник од половина милион долари?

Путин често се гледа како носи луксузни часовници од висока класа, кои се продаваат за повеќекратно повисоки суми од неговите наводни годишни приходи.

Тој е снимен како го носи часовникот Patek Philippe’s Perpetual Calendar вреден 60.000 долари. Според други извори, тој наводно поседува A. Lange & Sohne Toubograph вреден 500.000 долари, како и други исклучително скапи часовници.

Замокот на Путин за кој се потрошени 1,4 милијарди долари во изградба.

Замок на Црното Море од 1,4 милијарди долари

Постојат индиции дека Путин е сопственик на палата од соништата, со површина од 190.000 квадратни метри што се наоѓа на врвот на карпата што гледа на Црното Море. Овој крајбрежен имот е познат како најголемата приватна резиденција во земјата и служи како негова приватна палата која нагалено е наречена „Селската куќа на Путин“.

Имотот е место за разонода на Путин, палатата е опремена со фрески на плафоните, мермерен базен обложен со статуи на грчки богови, гостинска куќа од 27.000 квадратни метри, бањи со традиционални амами, музички салон, соблекувални за целиот негов персонал, амфитеатар, најсовремено лизгалиште за хокеј, казино во стилот на Вегас, ноќен клуб опремен со шипки за стриптизети, барови со повеќе од вино и алкохолни пијалаци во вредност од преку 100.000 долари, подземна соба за дегустација со поглед на вода и многу повеќе.

Чсовниците од Патек Филип му се омилени на Путин

Држачи за тоалетна хартија од 1.250 долари

Поголемиот дел од замокот, наводно, е украсен од ексклузивен луксузниот италијански бренд Citterio Atena, вклучувајќи софи во стилот на Луј XIV, мебел за трпезарија од 500.000 долари и барска маса од 54.000 долари. Има дури и украсени бањи со фенси италијански тоалетни четки од 850 долари и држачи за тоалетна хартија од 1.250 долари.

Покрај целиот екстравагантен мебел, годишно се трошат 2 милиони долари само за одржување на уредувањето на имотот, со персонал составен од 40 луѓе.

Просторија во една од руските болници за кои Путин одвои 12 милијарди долари во 2005 година за проектот „Здравје“.

Милиони долари од проектот „Здравје“ испрани во корист на Путин лично

Замокот на брегот на Црното Море е дизајниран од италијанскиот архитект Ланфранко Сирило и чинел 1,4 милијарди долари за изградба. Според истражувањето на Ројтерс објавено во мај, 2014 година, парите за овој екстравагантен проект наводно биле испрани преку националниот проект на земјата од 1,3 трилиони рубљи (нешто повеќе од 12 милијарди долари) наречен „Здравје“ кој го нарачал самиот Путин во 2005 година.

„Проектот“ на Путин кој официјално требало да им донесе подобри болници на руските граѓани, се состоел во тоа што државата купувала скапа медицинска опрема од компанија во сопственост на пријателите на Путин, Шамалов и Горелов, по цени далеку повисоки од пазарната цена. Записите покажуваат дека овие двајца испратиле околу 56 милиони долари на сметки во швајцарска банка на компанија во Белизе. Потоа, сметката во Белизе префрлила приближно 48 милиони долари на сметка контролирана од Медеа Инвестмент – компанија контролирана од самиот Сирило.

Пријателите на Путин „заработиле“ 200 милиони долари од проектот „Здравје“

И Москва Тајмс (мај, 2014) објави дека двајцата пријатели на Путин, Николај Шамалов и Дмитриј Горелов, профитирале од државните договори во вредност од околу 200 милиони долари, според царинските документи и банкарските трансакции што ги испитуваше Ројтерс. Шамалов и Горелов поседуваа компанија која снабдуваше медицинска опрема за проектот за федералната болница – инициран од Путин – по цени што медицински специјалисти велат дека биле повеќекратно надуени.

Шамалов и Горелов потоа испратија дел од добивките на сметки во швајцарски банки, покажуваат записите. Од тие сметки парите биле префрлени на сметка во Лихтенштајн поврзана со изградбата на луксузниот имот на Црното Море. Москва Тајмс објави и дека Шамалов, Горелов и Сириљо ги негирале сите наводи.

Кремљ, исто така, негира дека Путин ја поседува црноморската палата, велејќи дека таа му припаѓа на богат бизнисмен. Но, руските аналитичари тоа го нарекуваат бесрамна лага, велејќи дека ниту еден бизнисмен не може да има имот чуван од ФСБ (руската федерална служба за безбедност) со зона на забранети летови над него.

Внатрешноста на еден од авионите на Путин

Имотот на Путин вклучува палати, авиони, хеликоптери и автомобили

Освен Црноморската палата и 19 други големи и луксузни куќи и 700 автомобили, Путин, според наводите во истражувањата, поседува колекција од 58 авиони и хеликоптери, вклучително и авион од 716 милиони долари наречен „Летечкиот Кремљ“, кој има тоалет направен од злато. Не е изненадувачки, со оглед на неговиот вкус за грандиозна, неокласична архитектура.

Според Business Insider, авионите и хеликоптерите кои Путин ги поседува имаат вредност од околу една милијарда долари.

И за да ги задржи неговите опции отворени по копно, воздух или море, тој има и мегајахта од 100 милиони долари дизајнирана од производител на нуклеарни подморници од руската морнарица.

Спална соба во еден од авионите на Путин.

Уцена од 200 милијарди долари

Сумата од 200 милијарди долари беше проценета од финансиерот Бил Браудер, кој во сведочењето пред Комитетот за правосудство на Сенатот на САД во 2017 година, рече дека Путин собрал најголем дел од своето богатство откако московскиот суд го затвори олигархот Михаил Ходорковски во 2003 година за измама и затајување данок.

„По осудата на Ходорковски, другите олигарси отидоа кај Путин и го прашаа што треба да направат за да не седат во ист кафез со Ходорковски. Од она што следеше, се чини дека одговорот на Путин беше „50%“ Тој не рече 50% за руската влада или претседателската администрација на Русија, туку 50% за Владимир Путин лично“ – изјави Браудер.

Згора на сето ова, познатите „Панамски документи“ открија мрежа на тајни офшор зделки и заеми во вредност од 2 милијарди долари кои укажуваат на Путин во 2016 година.

Но, се разбира, Путин ги негира сите овие наводи, само признавајќи сосема различен облик на богатство:

„Јас сум најбогатиот човек, не само во Европа туку и во целиот свет: собирам емоции. Богат сум по тоа што народот на Русија двапати ми го довери раководството на голема нација како што е Русија. Верувам дека тоа е моето најголемото богатство.“

Со сета државна и пропагандна машинерија зад него, со опозиција в затвор или егзекутирана, медиуми и економија под негова цврста контрола, Путин продолжува да се прикажува себе си како скромен човек кој ѝ служи на руската држава.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

214 нови случаи на Ковид 19

НАЈНОВО

Скриншот

Се подготвува отворањето на граничниот премин Рафах со Газа за луѓе

October 16, 2025
Фото: МИА

„Game Dev Rev“ – интернационална конференција за развој на видеоигри во Скопје

October 16, 2025

Судот го забрани најавениот штрајк на контролорите на летање во М-НАВ

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од локални до национални: Зошто изборите во општините со мнозинство албански гласачи се клучни?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за фотографиите со Црвенковски: Само ќе го цитирам со неговата позната изјава – Или си СДСМ, или не си

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk