ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Кога вревата ќе стивне

Бошњаците, како и Евреите, често пати низ историјата биле на работ на истребувањето. И во таквите тешки моменти, каде што коегзистирале, меѓусебно си помагале, броејќи спасени  човечки животи од двете страни. Дури и по закана за својот живот, ја спасуваат еврејската света книга Хагада. Еднаш во време на Втората Светска војна, а вториот пат за време на агресијата врз Босна и Херцеговина во 1992 година. Уникатна по својот дизајн, донесена при преселбата на Евреите од Андалузија, денешна Шпанија, ден денес во историскиот музеј на БиХ опстојува и пркоси на секоја омраза. Преживувањето и солидарноста при опстанокот се генетски врежани во двата народи

January 14, 2020 16:56
in ФРОНТ
Давидова ѕвезда на ѕид на џамија

Давидова ѕвезда на ѕид на џамија

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МЕРСИХА СМАИЛОВИЌ

Последните денови, тоа што се случува низ светот, со закани и обвинувања, сфаќаме дека тие систематски шаблони за омраза со кои се соочуваме, освен што се глобален тренд, не се врзани за нашите зборови и дела, туку за нашиот етнички и религиски идентитет, кој им пречи на одредени групи во општествата, како што се заканите по живот на новата австриска министерка за правда, Алма Задиќ, која е со бошњачко потекло.

Непоимливо е да се помисли, а апсурдно е да се пишува и пропагира, дека една припадничка на помалку бројна етничка заедница, во овој случај јас, во нашата држава би излегла со говор на омраза против друга етничка заедница.

Но, се работи за „валкана политика“, а истата отиде толку ниско што дури ги злоупотреби ранливите историски моменти низ кои поминале нашите сограѓани Евреи, и импутираше состојби на омраза кои воопшто не се случија на социјалните мрежи, се со цел ширење на раздор и етикетирање.

Бошњаците, како и Евреите, често пати низ историјата биле на работ на истребувањето. И во таквите тешки моменти, каде што коегзистирале, меѓусебно си помагале, броејќи спасени  човечки животи од двете страни. Дури и по закана за својот живот, ја спасуваат еврејската света книга Хагада. Еднаш во време на Втората Светска војна, а вториот пат за време на агресијата врз Босна и Херцеговина во 1992 година. Уникатна по својот дизајн, донесена при преселбата на Евреите од Андалузија, денешна Шпанија, ден денес во историскиот музеј на БиХ опстојува и пркоси на секоја омраза. Преживувањето и солидарноста при опстанокот се генетски врежани во двата народи.

За волја на вистината, токму за тоа и говорев во видеото за денот на Холокаустот, на покана на Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје каде што меѓу другото кажав: “Холокаустот е непрежалена трагедија како резулат од злото на широката поддршка на фашистичката идеологија. Денес, 80 години подоцна, истите неофашистички духови надвиснуваат над Европа, збогатени со ксенофобија и исламофобија. Како Бошњачка која го осведочила геноцидот врз својот народ, многу добро знам како е да си на мета на истребување од страна на една фашистичка идеологија и политика. Говорот на омраза секогаш резултира со злосторство од омраза, а во пошироки рамки тоа се токму холокаустот и геноцидот….“

Убаво би било кога би го споделиле истото видео, да сите заедно научиме и да се бориме против антисемитизмот, но, и да научиме нешто повеќе за нашите сограѓани Евреи. За нивната култура, традиција, религија, обележја, јазик… Што за нив претставува Давидовата ѕвезда, колку е таа денес, но и векови наназад, била составен дел од нивниот идентитет, но за жал била злоупотребена одреден период во Втората Светска војна.

Знаете ли во колку стари џамии може да се најде Давидовата ѕвезда како орнамент? На безброј. Тоа е така затоа што нашите религии се семитски, потекнуваат од Блискиот Исток, а се нарекуваат и Абрахамски религии.

Оттука, мојот коментар на социјалната мрежа, беше многу краток и јасен, а се однесуваше: ние не треба да се срамиме или да стравуваме од употребувањето на нашите етнички симболи, затоа што законот тоа го дозволува и нè штити. Зошто потребата нашата работна просторија да има партиски обележја кога можеме да ставиме обележје од заедницата на која припаѓаме. Мојот коментар за користењето на симболите на заедницата е коментар на солидарност и поддршка на разноликоста, а никако не е повика за осуда или обележување. Тоа е коментар за вклучувањето на сите заедници во државниот апарат, да останат и бидат горди на својата разноликост и уникатност и да се охрабрат да ја покажат.

Навистина жалам што во својата валкана политичка кампања тој коментар е искористен во сосема поинаква смисла за создавање на невистинита вест, а со самото тоа клевета и навреда врз мене и моето семејство.

Никогаш не би поверувала дека постои некој во Македонија, кој посакува некому да му се повтори  холокаустот, и да, и верувам дека народот во Македонија не е антисемитски.

На крајот од денот, најбитно ми е знаењето дека јас не сум антисемитка и дека не мразам никого и се борам и ќе се борам да никому и никаде не му се повторат страдањата од Втората светска војна.


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

Next Post

Почна чистењето на затнатиот колектор за заштита на Охридското Езеро

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk