ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи на средба со Кулеба

April 8, 2022 17:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, како дел од Тројката претседавачи со ОБСЕ, заедно со неговите колеги од Полска, Збигњев Рау и од Шведска, Ан Линде, денеска на полско-украинската граница остварија средба со нивниот колега од Украина, Дмитро Кулеба, jaвува МИА.

На средбата со Кулеба, беа дискутирани потребите на украинската страна за одбрана на својата земја, и помошта што меѓународната заедница треба да ја обезбеди на Украина за справување со последиците од војната.

– Треба да направиме повеќе, не само за справување со последиците, туку и да го запреме ова лудило. Херојскиот отпор на украинскиот народ е за највисоко восхитување: додека ја бранат својата татковина, тие ги бранат и нашите заеднички вредности, нашите принципи, нашиот начин на живот, и наша должност е да им помогнеме на секој можен начин, истакна Османи на прес-конференцијата по средбата со Кулеба.

Како што соопшти МНР, министрите го посетија и прифатниот центар за бегалци Млини во близина на граничниот премин Корчова, на полско-украинската граница. Како резултат на руската воена агресија, милиони граѓани на Украина беа принудени да ги напуштат своите домови и да бараат засолниште пред се во соседните земји.

– Сликите од кампови и бранови на беглаци се длабоко вознемирувачки, особено за нашиот регион каде се уште се свежи сеќавањата од војните во 90-тите година, нагласи Османи.

Министрите уште еднаш ја осудија неоправданата и неиспровоцираната руска воена инвазија врз една независна држава, спротивно на меѓународното право и основните документи на ОБСЕ. Воедно, укажаа и на неопходноста од почитување на меѓународното хуманитарно право и фундаменталните човекови права од страна на Руската Федерација.



Посетата на тројцата министри е дополнително уверување дека Украина ќе биде во фокусот на делувањето на ОБСЕ, и во таа насока ќе се искористат сите механизми на Организацијата за постигнување на мир, безбедност и трајна стабилност во земјата но и во целиот ОБСЕ регион, стои во соопштението на МНР.

Next Post

Грковска-Фратини: Соработката меѓу Италија и Северна Македонија ќе ја продлабочиме и во делот на доброто владеење и антикорупциските политики

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk