ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Неделков: Очекуваме до утревечер односно петок до 12 часот да имаме понуда и Советот на СОНК да донесе одлука дали ќе се прекине штрајкот

April 13, 2022 20:22
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков изјави дека очекуваат до утре вечер, односно петок до 12 часот да имаат понуда за да можат да ја дистрибуираат понудата, да соберат повратни информации и евентуално Советот на СОНК да донесе одлука по тие информации и да бидат експедитивни, за да има време да се објави дека учениците и во градинките од понеделник ќе одат на настава или ќе речеме немавме никакво решение или Советот не може да ја смени одлуката затоа што членството не ја прифаќа понудата и ќе мора да продолжиме со штрајк, jaвува МИА.

Тој апелира што побрзо да се дојде до решение за што побрзо да се надмине оваа ситуација и да се врати нормалниот тек во училиштата и во градинките.

Неделков во дневникот на Сител изјави дека на денешната средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири разговарале за зголемување на платите, но не и за процентите за зголемување. Шаќири информирал дека се прават напори да се префрлат средства од Владата односно од разни министерства, но немал точни сознанија и колку, како и кога.

Прашан дали тоа што добиле уверување дека се бараат пари не е доволно за да се стави во мирување штрајкот за да не трпи грижата за децата и образованието во училиштата, претседателот на СОНК одговори дека влегле во штрајк за да имаат ветување дека ќе имаат зголемување на платите, но членството треба да одлучи.

На прашањето која е црвената линија што членството односно СОНК може да си ја дозволи за да може штрајкот да сопре, Неделков нагласи дека не разговарале за црвена линија меѓутоа тоа не значи, подвлече, дека под 18,4 проценти нема ништо да прифатиме.

– Колку ќе прифатиме, многу зависи од тоа колку ќе ни понудат. Ако биде симболично понудување, тоа членството ќе го препознае и ќе сфати дека тоа е несериозен предлог, рече меѓу другото претседателот на СОНК.

Според него, сега се наоѓаат во ситуација кога и двете страни засега се согласуваат во две работи.

– Прво е што платите во дејноста образование треба и ќе се зголемат. Втората работа е што и Владата и ние, посебно Министерството за образование и верувам и Министерството за труд, сака што побрзо да се прекине штрајкот. Тоа ни е заедничко, изјави Неделков.

Линеарно зголемување на платите на национално ниво е понудено од друг Синдикат, што за СОНК, како што рече Неделков, е неприфатливо и е паушален предлог.

Во однос на надоместувањето на загубените денови во наставата во училиштата и одложувањето на сите рокови, уписи во средно и во високото образование, матури, после 10 јуни, Неделков смета дека тоа е цената што ја плаќаат и едната и другата страна и затоа не е потребно „тактизирање“. Според него, има повеќе варијанти, но најсоодветно решение, наведе, е да нема продолжување на учебната година затоа што учениците не се виновни за ситуацијата.

– Очекуваме од утре натака да бидат посериозни притисоците не само во детските градинки, кои без исклучок се под притисок, туку очекуваме и во училиштата посериозен притисок, изјави Неделков.

Тој информира дека се уште имаат добри и партнерски односи со министерствата, меѓутоа, рече, не знаеме до каде ќе не однесе оваа криза и можат да се нарушат тие односи.

Next Post

Бектеши: Во маркетите не треба да се купува масло за јадење на пакети или палети

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk