ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Во маркетите не треба да се купува масло за јадење на пакети или палети

April 13, 2022 20:32
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Производителите на масло за јадење во државата имаат доволно залихи и суровини и во континуитет и непречено се одвива снабдувањето со суровини за производство на масло за јадење. По предлог на Секторот за трговија во Министерството за економија и врз основа на разговорите што ги имав со производителите и трговците пратив известување дека од денеска не треба да се продава масло за јадење на пакети или палети во маркетите и кај трговците на мало, посочи вечерва министерот за економија Крешник Бектеши, jaвува МИА.

-Масло за јадење во нашата држава има. Се прават соодветни контроли и доколку не се пушта масло во малопродажба тоа е недозволиво согласно Законот за заштита на потрошувачите. Денеска разговарав со сите производители на масло за јадење и со повеќето национални синџири на трговци во нашата држава и беше посочено дека за повеќе од два пати е зголемена  побарувачката во однос на просечната потрошувачка од минатите години и од претходните месеци. Тоа значи дека непотребно се купува масло за јадење. Ако се купува масло за јадење на пакети или палети трговците треба да го известат Државниот пазарен инспекторат за да се преземат соодветни чекори, рече Бектеши во емисијата Топ тема на Телма.

Непотребното купување на големи количини масло за јадење, како што истакна, може да ја влоши состојбата и да влијае на цената заради зголемената побарувачка, а понудата останува согласно сите проценки кои биле направени од страна на производителите и трговците кои увезуваат рафинирано масло за јадење. Според него, купувањето големи количини масло за јадење од маркетите  се прави или за шверц и трговија или,пак, за извоз од земјава и препродавање на сивиот пазар.

-На трговците на мало им препорачуваме во овој период да продаваат масло за јадење согласно просекот што е потребен за едно домаќинство, односно максимум три литри месечно согласно податоците кои ги добиваме од анализите на Државниот завод за статистика.  Сега само во регионот на Струга и Охрид имаме речиси три пати поголема потрошувачка на масло за јадење од претходно. Како Влада и Министерство за економија сакаме да ги користиме сите механизми за да имаме  редовно снабдување со суровини и со готови производи со цел граѓаните да имаат можност да купуваат производи кои им се потребни, рече Бектеши.

Укинувањето на царинската стапка од 29 отсто за увоз на масло за јадење, како што појасни, се однесува за билатералните договори кои ги имаме со одредени земји, а во рамките на ЦЕФТА и ЕУ и досега нема царина за таа намена. Смета дека цената на маслото за јадење ќе остане во рамките од 115 до 135 денари колку што е во моментов во маркетите, ако се земе во предвид дека веќе е обезбедено снабдување со суровини за производство на масло за јадење од Бугарија, а се очекува во текот на неделава да се укине и забраната за извоз на рафинирано и нерафинирано масло за јадење од Србија.

Next Post

Германија дозволи знамето со виножито да се вее пред федералните згради

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk