Се бројат гласовите по вториот круг на претседателски избори во Франција. Првите излезни анкети покажуваат дека победата ќе ја однесе актуелниот претседател Емануел Макрон со освоени 58,2 отсто гласови, додека лидерката на Национален фронт, Марин Ле Пен, освоила 41,8 насто од гласовите.
Неизлезеноста на гласачите се очекува да достигне 28,2 отсто во вториот круг од претседателските избори, 2,5 поени повеќе отколку во 2017 година (25,44%), според процените на ИФОП.
Ова се првични проекции за резултатите од гласањето, додека конечните резултати нема да бидат познати до утре изутрина. Победникот официјално ќе биде прогласен, по вообичаените проверки, во среда на 27 април од Лоран Фабиус, претседател на Уставниот совет