СОНК и Владата постигнаа договор за зголемување на платите на вработените во училиштата и градинките за 12 отсто. Конечниот збор за прекин на штрајкот, СОНК ќе го каже утревечер по консултациите со членството и доколку биде позитивен, учениците би требало да се вратат на настава од среда, јавува МИА.
Министрите за образование и за труд и созијална политика, Јетон Шаќири и Јованка Тренчевска, изјавија дека очекуваат од среда уилиштата и градинките да почнат да функционираат нормално.
Тренчевска рече дека со зголемувањето на платите нема ризик од дополнителна инфлација и загрозување буџетот и најави дека потребните средства ќе бидат обезбедени со ребалансот на државаната каса.







