ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Културата ќе го врати својот сјај по две години пандемија

April 29, 2022 16:03
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како министерка за култура и како човек, секогаш се водам од тоа дека сè што е добро треба да продолжи да биде добро. Така и јас, го запазив континуитетот во сите добри постигнувања на моите претходници зашто во тие добри работи е вложено и многу труд и многу време и многу пари – рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешниот Форум „100 дена од мандатот на новата Влада на Република Северна Македонија“,  кој се одржа во Националната опера и балет.

Реферирајќи за постигнувањата на Министерството за култура во овие 100 дена, во третата панел-сесија со министрите, Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека и во овие 100 дена продолжија добрите политики за заштита на културното наследство, како и за одржување на високото ниво на уметничките содржини на институционално и вонинституционално ниво.

– И во ова време, повеќе невреме, ги усогласивме платите во културата кои сега се на едно пристојно, достоинствено ниво – нагласи Костадиновска-Стојчевска. Потсетувајќи дека е во тек реализацијата на поддржаните проекти со Годишната програма, Костадиновска-Стојчевска рече дека се реализирани конкурси за поддршка на самостојни уметници и за дефицитарни кадри, а го најави и отворањето на Конкурсот за афирмација на современиот македонски јазик.

Костадиновска-Стојчевска се осврна на активностите реализирани во дејностите од областа на културата во изминатите 100 дена, на реализацијата на капиталните проекти, меѓународните претставувања на државава… Таа најави дека Министерството за култура продолжува да работи на отворањето на нови културно-информативни центри во регионот, а кажа дека се започнати подготовките за реализација на програмата на Деновите на македонската култура во Прага, за време на претседавањето на Чешката Република  со Европската Унија.

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска изрази уверување дека културата ќе блесне во полн сјај, по две години пандемија.

На Форумот воведно обраќање имаше премиерот Димитар Ковачевски, по што се одржа панел-сесија со премиерот, а потоа и со вицепремиерите и министрите. На Форумот присуствуваа претставници на: дипломатскиот кор, стопанските комори, граѓански организации, институции, медиуми.

Next Post

Бектеши: Носиме мерки за заштита на граѓаните, но одредени општини ја злоупотребуваат електричната енергија на товар на домаќинствата

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk