ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Одбележани три децении постоење на воената служба за безбедност и разузнавање

May 23, 2022 14:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Домот на Армијата во Скопје денеска беше одбележан Денот на воената служба за безбедност и разузнавање, што се совпаѓа и со јубилејот – 30 години постоење на оваа воена служба, информираат од Министерството за одбрана.

На свеченоста, министерката за одбрана Славјанка Петровска порача дека членството во НАТО преставува ново поглавје во историјата на оваа служба, која има проширен обем на работа и поголема одговорност.

Членството во Алијансата е придобивка за безбедноста и стабилноста на државата, а од друга страна токму тоа ја наметнува потребата за развој на воените капацитети и способности кои ќе дадат придонес во колективната безбедност. Бројот на луѓе за чија безбедност сме одговорни се зголеми од 2 на околу 900 милиони, рекла министерката Петровска, соопштија од МО.

Таа истакнала дека одбраната со своите капацитети мора одлучно да се спротивстави на новата безбедносна реалност и тоа со брзи и ефикасни активности за заштита, превенција и одговор на овие закани.

Прв чекор кон изградба на безбедно општество, смета Петровска, е воспоставување на еден сеопфатен пристап во справувањето со хибридните закани.

Наша обврска како земја – членка на Алијансата е да инвестираме во изградба на национална отпорност на овие закани и да изградиме синхронизиран систем за нивен одговор, нагласила министерката Петровска и додала дека институциите мора да бидат координирани и да соработуваат и во справувањето со тероризмот, кој претставува глобална закана.

Полковникот Ивица Ампов, раководителот на воената служба, на свеченоста се осврнал на значењето на военото разузнавање во одбранбениот систем и се заблагодарил на вработените во службата за својата професионалност и посветеност.

На одбележувањето на Денот на военото разузнавање, во присуство на началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, биле наградени и пофалени вработени во службата за воено разузнавање. Благодарници за соработка им се доделени на Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и Бирото за јавна безбедност.

Next Post
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Регистрирани се 151 нови позитивни случаи на Ковид-19

Shortcut

Најново

(ФОТО) „Удри на спорт, не удирај по врсниците“: Боксерски вреќи низ Скопје како уметнички крик против насилството кај младите

June 12, 2026

Алиу: Реформите во здравството добиваат европска рамка со приклучувањето кон програмата EU4Health

June 12, 2026

(ВИДЕО) Жерновски: Пари нема, резултати нема – затоа Мицкоски брза на избори

June 12, 2026

Оркестарот на Филхармонија со изведба на „Кармина Бурана“ на 20 јуни во Градскиот парк во Скопје

June 12, 2026

Мисајловски на одбележување на Денот на Воената академија – Создаваме врвен офицерски кадар способен да одговори на современите безбедносни предизвици

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk