ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Комисија за избори и именувања го утврди предлогот Фатмир Скендер да биде избран за уставен судија

June 2, 2022 16:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за избори и именувања попладнево го утврди предлогот Фатмир Скендер да биде избран за судија на Уставниот суд. По гласањето по предлогот, претседателката на Комисијата Марија Георгиевска ја прекина седницата, а нејзиното продолжение го закажа за утре во 11 часот.

Освен предлогот Фатмир Скендер, граѓански судија во Апелациониот суд во Скопје, да биде избран за уставен судија, пратениците треба да ги разгледаат биографиите и на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Тања Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, предложени од владејачките партии, и на универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, судијата во пензија Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид, предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

На почетокот на седницата, Комисијата за избори и именувања по повеќе од еден час работа не ја започна расправа за предложени девет кандидати за уставните судии. Пратениците дебатираа за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да има поединечно претставување на кандидатите пред пратениците, што беше надгласан.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова рече дека проблемот кој се јави со нефункционирањето на Уставниот суд, а кој е многу важен фактор во градењето на демократијата, владеењето на правото, заштита на човековите права, може да се надмине ако во измените на Деловникот се предвиди одредба шест месеци пред истекот на мандатот на уставните судии, да почне собраниската постапка.

– Не треба да дојде вакуум во работењето на Уставниот суд. Ние сме директни соучесници во кршењето на владеењето на правото, односно ние сме фактор во на оневозможување на функционалното работење на Уставниот суд, но и на други институции. Да иницирам уште едно прашање. Одговорно тврдам дека нема држава во која има Уставен суд, а нема закон за Уставен суд. Но, ние сме таа држава, нагласи Силјановска Давкова.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека биографиите на кандидатите се сувопарно парче хартија на кого му недостасува личноста која би се обратила во живо.

– Сметам сетам дека ваквиот начин на одлучување ќе остави можност за недоволна запознатост на сите членови и заменици-членови на комисијата со кандидатите и нема да знаат за кого да гласаат. За тие кандидати за кои лично не ги познавам нема да можам да гласам за и ќе гласам против кои не ги познавам лично бидејќи се работи за сериозна институција, рече Милошоски.

Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека се приклучува кон истите тези на Милошоски за избор на уставните судии, бидејќи немаат прилика лично да ги видат кандидатите.

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во понеделникот одржа средба со шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери за блокадата на изборот на четирите уставни судии.

Кацарска по состанокот со државниот врв изјави дека ако до крајот на годината Судот не биде комплетиран, тогаш на државата и се заканува уставна криза.

Уставниот суд во моментов работи без четворица судии на кои им истече мандатот, од предвидени девет судии. Во нецелосен состав е околу една година откако кон крајот на мај лани им истекоа мандатите на тројца судии – Сали Мурати, Елена Гошева и Никола Ивановски. Кон средината на јануари годинава, пак, му заврши мандатот и на судијата Јован Јосифовски.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, по речиси една година откако Уставниот суд работи со намален број на судии, на 13 мај ја почна процедурата за избор на нови уставни судии.

На дневниот ред на седницата на Комисијата е и утврдувањето на Предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ и друго.

Next Post

Реакција на МО на изјава за медиумите на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk