ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министерката Петровска во посета на Баталјонот за медицинска поддршка: Военомедицинската специјалност, круцијална за одржување на борбената способност

June 9, 2022 17:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска ги посети воените доктори и медицинскиот персонал во Военомедицинскиот центар на Армијата на Република Северна Македонија, каде разговараше со потполковничката Елизабета Наумоска, командант на Центарот и со лекарите и медицинскиот персонал, а го посети и одделот за специјалистичка консултативна дејност, биохемиската лабораторија и одделот за медицинска обука.

„Военомадицинската дејност е круцијална за одржување на борбената готовност на командите и единиците на Армијата и затоа Министерството придава големо значење и на развојот на Военомедицинскиот центар и на развојот на лекарите и медицинскиот персонал во овој Центар“, рече министерката.

Петровска му се заблагодари на целиот медицински тим за нивниот придонес при реализацијата на воените вежби, вклучувајќи ја и овогодинешната, најголема досега вежба во нашата држава, „Swift Response 22“, медицинската поддршка на активностите на Балканските наменски сили, како и несебичната поддршка на државното здравство во време на пандемијата на корона – вирусот. Во првиот бран на корона – вирусот, со поставувањето на Лесната полска болница, Центарот ги зголеми националните капацитети за одговор на пандемијата, а подоцна и воените лекари и медицинскиот персонал беа вклучени во лекувањето на граѓаните.

Баталјонот за медицинска поддршка (Военомедицинскиот центар) дава здравствена заштита на примарно и секундарно ниво на армиските припадници и на сите граѓани, нуди  медицинска поддршка на сите активности на Министерството и на Армијата, врши медицинска обука, како и стоматолошка, психолошка и ветеринарна заштита. Воедно Центарот е дел од националниот систем за одговор при кризни состојби и природни катастрофи.

 

Next Post
Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

СДСМ: Ништо не го пере ВМРО-ДПМНЕ од сторениот криминал во Талир 2, украденото да го вратат кај граѓаните

Shortcut

Најново

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk