ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Финансиската полиција поднесе претставка до ЈО за извршениот претрес во нејзините простории

July 25, 2022 12:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Управата за финансиска полиција информира дека до јавниот обвинител поднела претставка во врска со претресот што истражители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал минатата недела го извршиле во просториите на институцијата по наредба издадена од судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје, врз основа на претходно доставено барање Обвинителството.

Како што соопшти денеска Управата за финансиска полиција, на истражителите од ОЈО за гонење на организиран криминал на 18 јули им бил дозволен непречен пристап во просториите на Управата, како и непречено извршување на наредбата, иако нејзината содржина, како што се тврди, не ги исполнувала формалните и материјалните-суштински основи за да биде издадена.

Според Управата за финансиска полиција, со наведените дејствија е нанесена голема штета на угледот на институцијата, на сите нејзини вработени и на угледот и интегритетот на нејзиниот директор, како и „намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и рушење на темелите на една правна држава“.

– Видно од наредбата воопшто не е јасно по кои индиции и докази се водел подносителот на барањето за наредба за претрес, а воедно и судијата кој што таквата наредба ја издал. Наведеното упатува на тоа дека при издавањето на наредбата, од страна на судијата на претходна постапка запазена е само формата, но не и суштината за да се издаде наредба за примена на ваква инвазивна мерка, каква што е претресот, се наведува во соопштението од Управата.

Од содржината на наредбата, според Финансиската полиција, може да се констатира дека таа е „воопштена, нејасна и остава простор за слободно толкување“, што упатува на тоа дека подносителот на барањето за претрес ОЈО ГОКК „не располага со јасна и конкретна цел каков доказен материјал со примената на ваквата мерка сакал да обезбеди, а со кој само дополнително би го зајакнале основаното сомнение и би го комплетирале веќе обезбедениот доказен материјал за некакво сторено кривично дело“.

– Според наредбата за претрес, претресот се спроведува „поради постоење на основано сомнение дека е сторено кривично дело…“. Согласно член 21 точка 15 од Законот за кривична постапка, „основано сомневање е повисок степен на сомневање заснован врз прибавените докази кои упатуваат на заклучок дека определено лице сторило кривично дело “, а од друга страна јавноста е сведок на изјавите на шефицата на ОЈО ГОКК објавени во медиумите во кои самата изјавува дека нема осомничени лица, односно дека „..,чекаме да видиме дали има нешто основано во пријавата“, се посочува во соопштението.

Дополнително, според Управата, претресот е апсолутно непотребен, имајќи предвид дека согласно своите надлежности Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал може во кој било момент да и се обрати и со само едно барање да го добие кој било предмет или документ за кој што е заинтересирано и за кој смета дека му е потребен.

– Токму поради суштествените недостатоци на наредбата за претрес, начинот на постапувањето при спроведување на истата, низата недоследности, нелогичности, излегувањето надвор од рамките на законската пракса како и неоснованоста за примена на мерката претрес, кои упатуваат на прилично самоволие во постапувањето на ОЈО ГОКК, од страна на Управата за финансиска полиција до Јавниот обвинител на Република Северна Македонија поднесена е претставка, согласно своите законски надлежности да го испита постапувањето на наведеното обвинителство во конкретниот случај, информираат од Управата за финансиска полиција./МИА/

Next Post

Кина го предупреди Вашингтон за евентуална посета на Пелоси на Тајван

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025

Демократски чин на Филипче: Сите да гласаат по сопствено убедување

October 31, 2025

Грантови од МОН за училиштата: Поддршка на меѓуетничката интеграција и толеранција

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk