ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

МНР: Во Амбасадата во Пекинг досега не е пријавен ниту еден случај на наш државјанин заболен со Коронавирусот

Согласно информациите добиени од нашето Дипломатко-конзуларно претставништво во НР Кина, Министерството за надворешни работи информира дека до овој момент во Амбасадата не е пријавен ниту еден случај на наш државјанин заболен со Коронавирусот. Исто така, нема пријавени наши државјани кои се наоѓаат во пошироката зона со рестриктивни мерки за движење на кои им е потребна помош

January 27, 2020 14:50
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Согласно информациите добиени од нашето Дипломатко-конзуларно претставништво во НР Кина, Министерството за надворешни работи информира дека до овој момент во Амбасадата не е пријавен ниту еден случај на наш државјанин заболен со Коронавирусот. Исто така, нема пријавени наши државјани кои се наоѓаат во пошироката зона со рестриктивни мерки за движење на кои им е потребна помош, пренесе МИА.

Како што информира Министерството за надворешни работи, во НР Кина легално престојуваат околу 100 наши државјани, а нашето ДКП е во постојан контакт со нив.

Граѓаните на Република Северна Македонија за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во нашата Амбасада во Пекинг на дежурниот телефонски број +86 185 1351 2812 или е-маил, beijing@mfa.gov.mk.

Велика Британија, Германија и Шпанија денеска најавија дека ќе помогнат на своите граѓани да го напуштат кинескиот град Вухан, од каде почна заразата со коронавирусот, од кој досега починаа 80 луѓе. Претходно, Франција, САД и Јапонија соопштија дека се подготвуваат за евакуација на своите државјани. Делегацијата на ЕУ денеска во Пекинг ќе одржи итен состанок за да ја координира евакуацијата на европските граѓани, кои се наоѓаат во Кина за да се ограничи заразата од коронавирусот.

Во меѓувреме, кинеското Министерство за финансии соопшти дека ќе издвои 8,74 милијарди долари за да го спречи ширењето на коронавирусот.

Најмалку 80 лица починаа од коронавирусот, а само во Кина се заразени 2.744 лица. Вирусот продолжи да се шири во светот, каде што се регистрирани 50 заразени случаи, од кои петмина во САД.

Next Post

СДСМ: Оперативниот план за вработување со буџет од 1,45 милијарди денари опфаќа над 11.500 лица, продолжуваат мерките за намалување на невработеноста

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk