пишува: ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ
Од министерка за труд и социјална политика се очекува да застане во одбрана и заштита на жртвите на родово-засновано насилство, а не партиски да морализира.
Токму министерката за труд и социјална политика е „актуелната власт“ која ја обвинува. Никој од министерката не очекува реакција на морализатор или верник, туку реакција на власт која е надлежна да им помогне на жртвите на насилство.
Од министерката за труд и социјална политика не се очекува да дава политички „ќе“ ветувања од типот „ќе преземе“, „ќе даде активен придонес“, „ќе понуди помош“, туку да ПРЕЗЕМЕ мерки и да ПОМОГНЕ на тие на кои што сега им е потребна помош!
Инертноста за која зборува актуелната министерка за труд и социјална политика е нејзина инертност, затоа што таа е актуелна власт!
Министерката зема плата за да го решава проблемот и да им помогне на жртвите, а не да дава партиски мотивирани изјави како „родител“ или „верник“.
Министерката за труд и социјална политика на дело покажа дека не е стручна да се справи со проблемот, дека не е во состојба да препознае родово насилство, ниту пак е во состојба да им помогне на жртвите на родово насилство!
Наместо да го осуди насилството и насилниците и конкретно да им помогне на жртвите, „министерката за неморал“ ја дефокусира јавноста и со право е осудена за „двојна виктимизација на жртвите“.
Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.