ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Не е до тронот, до личноста е

И Брисел и Вашингтон пак, сега предизборно, го кажаа своето. Овој пат за Законот за обвинителство. И нивното настојување пак не е во прилог на притиснатиот Мицкоски. И тој повеќе нема простор за маневри. Дотуркан е до ѕидот. Му останува или да ги натера своите собраниски актери да го гласаат законот или политички пат натаму за него нема. Посебно не како водач на поразена партија на претстојните избори

January 31, 2020 10:47
in ФРОНТ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Пустиот тој Мицкоски. Што  му требаше да се нафати за претседател. Од старт се виде дека не е дораснат да води една толку голема, една судбинска партија за Македонија каква што, заедно со СДСМ, е ВМРО-ДПМНЕ. Човекот фино ќе си пливаше во некои академски, води и евентуално можеби некогаш ќе си се докопаше и до некое министерско столче. Вака, по априлските избори, утешно ќе му остане само собраниското. Кај и да е, од моќниот партиски престол на кој го насади Груевски, ќе мора да абдицира.

Неговиот проблем е што тој, Христијан Мицкоски, очигледно пресметал, секако погрешно, дека аналогно на моќта на партијата, како нејзин, макар административно, прв човек, моќен ќе биде и тој. Се разбира, во политичка смисла. Но, илузијата му ја разбија и го заробија партиските пратеници, оние ликови од бомбите. И доколку воопшто ги имал, му ги исцедија и идеите и силата да ја обнови, да ја реформира и да ја постави партијата на друг колосек. Да ја насочи кон Европа. Наместо тоа, тој продолжи да јава врз рецидивите на политиката на Груевски. А таа сега има само една цел – да ги анулира сите обвиненија покренати од сега веќе мртвото специјално обвинителство.

Тој самиот не успеа да се ослободи од мантрата на својот претходник. Од долгот спрема него. Уште повеќе од аманетот да го штити од неговото криминално минато. Фатен во сопствената стапица, со истите уцени и за иста цел, се соочи и со темните ликови од партиската пратеничка група. Меѓу нив, актери кои една деценија беа активни, мошне активни и плодни креатори на сега веќе поразената изолаторска режимската партиска политика.

Но, еве, таа работа не ја бива. И Брисел и Вашингтон пак, сега предизборно, го кажаа своето. Овој пат за Законот за обвинителство. И нивното настојување пак не е во прилог на притиснатиот Мицкоски. И тој повеќе нема простор за маневри. Дотуркан е до ѕидот. Му останува или да ги натера своите собраниски актери да го гласаат законот или политички пат натаму за него нема. Посебно не како водач на поразена партија на претстојните избори.

За ова, како шанса, на Мицкоски му стои уште малку време. Најмногу што во него може да издејствува, е компромис. Решение со кое, како што бара власта, обвиненијата од СЈО ќе останат во живот и со кое, како што барат неговите, обвинителите на СЈО не ќе бидат дел од обвинителската институција. Прашањето е само дали на оваа линија ќе успее да се извлче од груевистичкките стеги и дали ќе се издигне во личност која конечно ќе умее да промовира свој сопствен политички компас.

До сега, тој со ништо не покажа дека е личност достојна за моќната партиска позиција. И не успеа да се ослободи од криминогените сопартијци и да промовира нова и потенцијално чиста пратеничка екипа. Плашливиот Мицкоски не успеа да разбере дека функцијата сама по себе не рефлектира моќ.

И дека не е до тронот, до личноста е.


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

Next Post

Димитрова: Феминизмот е потребен зошто жените се секогаш жртви

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk