Бевме земја каде се прислушуваа граѓаните за да се врши репресија, притисоци, политички и изборни криминали. Пратеници беа тепани во Собранието, а луѓето говореа со шепот, напиша претседателот на СДСМ, Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
„Ја вративме слободата на говорот и слободата на медиумите. Граѓаните веќе не шепотат, туку гласно зборуваат. Тоа е главна одлика на демократските општества. #НаПравПат“.