ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска: Преку Е-Инспектор го елиминираме субјективниот пристап во инспекциските надзори, интегритетот мора да го јакнеме во сите области

December 12, 2022 15:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Преку целосно автоматизирање на процесот на распределба на надзорите  и  контролите на инспекциските служби, го елиминираме субјективниот пристап и човековиот фактор во инспекциските предмети што е од особено значење во отстранување на сите сомнежи за субјективно работење”,  посочи заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска на денешната промоција на информатичкиот систем за инспекциски надзор, Е-инспектор, во организација на Советот за инспекциски надзор.

Таа нагласи дека Владата е цврсто определена да изгради ефикасен, но и објективен, професионален и одговорен инспекциски систем, за што минатата година за инспекциските служби се обезбедени 400 преносни компјутери, но и се унапредуваат другите услови за успешна и ефикасна работа на инспекторите.

Вицепремиерката Грковска потенцираше дека во рамките на своите надлежности, Владата помага во исполнувањето на главните цели и приоритети на Инспекцискиот совет за 2022 година, како што се развој и одржување на електронскиот систем за автоматизација на инспекциската постапка и инспекциското работење, Е-инспектор, кој е одржлив и дигитализиран систем за стручно усовршување и обука на инспекторите во инспекциските служби и зајакнување на организациската поставеност на Инспекцискиот совет.

Таа потенцираше дека со целосното воспоставување на Е-инспектор преку кој ќе бидат автоматски поврзани сите инспекциски служби во земјава, се овозможува зголемување на ефективноста и ефикасноста, подобар увид во податоците, подобра контрола, како и намалување на административните процедури за прибавување на потребните документи.

„Според мене и поважно е јакнењето на интегритетот кај сите нас. Само со интегритет, со одговорно, отчетно и со професионално работење можеме да имаме силни и ефикасни институции. Промените во општеството зависат од сите нас поединечно. Инспекциските служби се многу важен елемент во градењето на одговорен и професионален систем. Не дозволувајте неодговорното работење на неколкумина или на помал дел од вас да ја креира сликата за целата фела“, потенцираше во своето обраќање  заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

На настанот за развој на информатичкиот систем за инспекциски надзор  Е-инспектор, свои обраќања имаа и шефот на Европската банка за обнова и развој во Република Северна Македонија, Едни Аранитаси, претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска  и експертот за инвестициска клима и управување во ЕБОР, Едрита Џаферај.

Next Post

ИФИМЕС: Руското влијание е голема опасност за Западен Балкан

Најново

ХАОС ВО МАДРИД: Валверде во болница по тепачка со Чуамени – двајцата го пропуштаат „Ел Класико“

May 7, 2026
Фото: МИА

Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

May 7, 2026

ИРЛ категорично ги отфрли обвинувањата за договорот со МРТВ: Станува збор за координиран напад врз истражувачкото новинарство

May 7, 2026
Фото: Фронтлајн

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја

May 7, 2026

Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

May 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk