„Само неколку дена откако на три локации низ Битола беа поставени билборди со фиктивен лек #Хомофобиол кој според авторот на делото ја лечи и најтврдокорната хомофобија и трансфобија и е дел од уметничка авторска интервенција во јавен простор, билбордите прво беа испрскани со бела боја, следниот ден на нив беа исцртани нацистички симболи, а од денес се попрскани и со црна боја.“, реагираат од ЛГБТИ Мрежа.
Ваквото однесување уште еднаш ни потврди дека омразата кон ЛГБТИ луѓето е мнoгу присутна во нашето општество, но и дека нивното (нашето) присуство во јавниот простор (дури и на симболично ниво) е мета на насилство, обиди за бришење и вандализам. Сега се билбордите, но во други прилики тоа се нашите тела и животи.