Универзитетските професори и другите вработени во високото образование нема да добијат 10 отсто зголемување на платите од јануари, заради тоа што не се закажува сед ица на Комисијата за труд и социјална политика, каде треба да се разгледа законот.
Комисијата за труд и социјална политика треба да ја свика претседателот Владимир Ѓорчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Вторник е крајниот рок за ветеното зголемување на платите во високото образование да стигне до вработените. Ако пратениците во Собранието не ги изгласаат измените на Законот за исплата на плати до вторник, во среда веќе Собранието ќе се распушти и платите нема да се зголемат.
Предлог-законот кој ќе го овозможи зголемувањето на платите за 10 отсто е на дневен ред на актуелната 131. собраниска седница, но не може да се стави на гласање зашто сè уште не поминал низ собраниската Комисија за труд и социјална политика. Засега не е закажана седница во наредните денови, но тоа може во секој момент да се смени. Комисијата ја свикува претседателот Владимир Ѓорчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Предлагач на измените во Законот е Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ, која членува во Комисијата за труд и социјална политика и воедно претседава со Комисијата за образование, наука и спорт.
А.Зеќири