Велика Британија во следните три години ќе и даде на Франција 480 милиони фунти за инвестирање во полициските сили, технологијата и разузнавањето, со цел да се намали бројот на баратели на азил кои пристигнуваат на нејзините брегови, изјави денеска британскиот премиер Риши Сунак.
Британските медиуми потсетуваат дека за британскиот премиер запирањето на пристигнувањето на бродовите со мигранти до јужниот брег на Англија е еден од неговите пет приоритети во работата на владата.
-Нам не ни е потребно да го решиме овој проблем, туку да го искорениме, рече Сунак на прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.