Тренерот на Арсенал, Микел Артета ги сумираше впечатоците од натпреварот од 30. коло на Премиер лигата против Ливерпул.
„Топчиите“ вчеравечер на гостувањето во Ливерпул одиграа 2:2 иако има водство од 2:0 до 42. минута.
– Многу тензичен натпревар. Беше под наша контрола, до финишот на првиот дел кога примивме многу наивен гол. Почнавме добро во второто полувреме, но потоа ја загубивме контролата. Тоа беше многу нестабилна, хаотична игра. Ливерпул можеше да постигне три или четири гола. И ние имавме шанси да го решиме натпреварот, така што конечниот резултат е веројатно фер. Можевме да освоиме три бода. Моравме да продолжиме да играме како во првото полувреме уште 15 минути – тогаш натпреварот ќе се одвиваше во сосема поинакво сценарио, изјави Артета за „Би-би-си спорт“.
Арсенал е на врвот на табелата во Премиер лигата со 73 бода од 30 натпревари. Ливерпул е на 8. место со 44 бодови од 29 натпревари.