Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка против 61-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Како што соопшти Обвинителството, основаното сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело произлегува од обезбедените докази, вклучително и вербални искази на две девојчиња на возраст под 14 години, пред кои осомничениот преземал дејствија на полово задоволување на јавно место во повеќе наврати.
-Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за определување притвор на осомничениот, се вели во соопштението.