ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши и Јорна потпишаа договор: Северна Македонија влезе во Програмата за единствен пазар на Европската унија

April 27, 2023 19:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: Министерство за економија

Фото: Министерство за економија

Министерот за економија Крешник Бектеши и Генералниот директор на Директорат за внатрешен пазар, индустрија, претприемништво и мали и средни претпријатија на Европската унија Кесртин Јорна, денеска го потпишаа договорот меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за учеството на нашата држава во Програмата за единствен пазар на Европската Унија.

Програмата за единствен пазар нуди сеопфатен сет на услуги за зајакнување и поддршка на администрацијата и работењето на единствениот пазар. Оваа програма е модерна, јасна и прилагодлива програма која комбинира широк спектар на активности.

„Програмата за единствен пазар нуди одлична можност да се даде значителен придонес кон зајакнување на конкурентноста, вработеноста и растот. Оваа програма е прилагодена како клучен инструмент за решавање на актуелни, непредвидени прашања како што се пандемијата КОВИД-19 и другите неодамнешни кризи со кои се соочивме и ја поставивме основата за одржливо закрепнување на Европа. Општите цели вклучуваат подобрување на функционалноста на внатрешниот пазар, заштита на луѓето, потрошувачите и претпријатијата, преку зголемување на нивната конкурентност во исто време“ кажа министерот Бектеши на потпишувањето на договорот.

Оваа програма како што потенцираше министерот, вклучува поддршка од Европската унија во зголемување ефикасноста на внатрешниот пазар, меѓу другото, во светло на дигиталната трансформација, зајакнување на конкурентноста, како и одржливоста на МСП и да се постигне додадена вредност на ниво на Унијата, унапредување на интересите на потрошувачите и обезбедување на висок стандард на безбедност на производите и заштита на потрошувачите.

„Програмата за едниствен пазар со Европската унија не обврзува поблиску да работиме заедно кон нашата заедничка цел. Нашето партнерство е особено актуелно во овие предизвикувачки времиња и преку процесот на преговарање за овој договор, нашите институции ја потврдуваат атмосферата на соработка и партнерство. Би сакал да изразам благодарност до Комисијата за доделувањето статус на преговарач за пристапување на Северна Македонија, што им овозможи на апликантите од Северна Македонија подобност да аплицираат на повиците за предлози на Програмата пред потпишувањето на овој договор. И, исто така, сме благодарни на Европската Комисија што ја презеде заложбата за делумно олеснување на нашиот финансиски придонес во оваа програма, преку Инструментот за претпристапување – ИПА“ кажа министерот Бектеши и даде уверување дека како надлежен министер, Министерството за економија ќе направи се што може за да обезбеди успешна имплементација на оваа програма

Tags: Бектеши
Next Post

Тепачка меѓу Вагнер и редовните руски војници во Луганската област прераснала во престрелка со жртви

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk