Министрите за надворешни работи на Арапската лига во вчера усвоија одлука за повторно примање на Сирија во организацијата по повеќе од една деценија суспензија.
САД денеска го критикуваа повторното примање на Сирија во Арапската лига, наведувајќи дека Дамаск не заслужува да биде вратен во организацијата.
Како што јавија светските агенции, Вашингтон изразил сомнеж во подготвеноста на сирискиот претседател Башар ал Асад да ја реши кризата предизвикана од граѓанската војна во Сирија.
Портпаролот на Стејт департментот изјави дека САД веруваат дека арапските партнери имаат намера да го искористат директниот ангажман со Асад за да го поттикнат решавањето на долгогодишната криза во земјата, како и дека Вашингтон е усогласен со своите сојузници за „крајните цели“.