ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска: Следниот месец мисијата на Северна Македонија се сели во седиштето на НАТО

– Нашата докажана соработка со НАТО од партнерска, прераснува во сојузничка, нагласила министерката Шекеринска.

February 13, 2020 19:57
in ДЕНЕС
Радмила Шекеринска / фото: Б. Јордановска

Радмила Шекеринска / фото: Б. Јордановска

Нашето учество на состаноците на Алијансата беше учество на членка на НАТО која покажа дека е можен брз прогрес, дека е можно да се почитуваат плановите и дадените ветувања, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска пред новите простории за мисијата на Северна Македонија во седиштето на НАТО.

– Зад мене се нашите простории како држава – членка на НАТО Алијансата и очекуваме до втората половина на март основните подготовки за нашата мисија овде да бидат завршени. Тоа значи дека нашата мисија, и политичкиот и одбранбениот дел ќе биде буквално дел од седиштето на НАТО, како што ние, Република Северна Македонија ќе бидеме и официјално дел од Алијансата, потенцира Шекеринска, која втор ден учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет во Брисел.

 

Пред состанокот на Северноатлантскиот совет, соопшти денеска МО, министерката Шекеринска се сретнала со турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, и се заблагодарила за континуираната поддршка од пријателска Турција за членство во НАТО.

– Нашата докажана соработка од партнерска, прераснува во сојузничка, нагласила министерката Шекеринска.

 

Министерот Акар порачал дека двете земји имаат исклучително блиски, пријателски односи, и оти поддршката и соработката ќе продолжи со висок интензитет и на билатерално и на НАТО ниво. Оваа соработка, оценил, претставува бенефит и за двете земји.

Состаноците на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана, денеска биле посветени на буџетирањето на одбраната, како и на мисијата на НАТО во Авганистан, „Одлучна поддршка“.

На состанокот за одбранбеното буџетирање, министерката Шекеринска истакнала дека средствата за одбраната континуирано растат од 2017 година и оти годинава буџетот е речиси дуплиран споредбено со буџетот за 2017-та. Северна Македонија, нагласила, е посветена на исполнувањето на препораките на НАТО за издвојување на два проценти од бруто-домашниот производ за одбрана, што веќе влијае исклучително позитивно на одбранбените капацитети на земјата, а со тоа и на НАТО – Алијансата.

 

На средбата на министрите за одбрана на НАТО и партнерите кои учествуваат во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, министерката Шекеринска порачала дека земјата останува посветена на главната цел на оваа мисија – мирен, безбеден и стабилен Авганистан.

На маргините на бриселските состаноци, денеска министерката Шекеринска организирала работен ручек со министрите за одбрана на Грција, на Словенија, на Црна Гора, на Хрватска, на Босна и Херцеговина, на Бугарија, на која се заблагодарила за поддршката од земјите од регионот во процесот до полноправно членство на земјата во Алијансата. Министрите за одбрана, стои во соопштението од МО, порачле дека регионот докажал оти има капацитет да биде извозник на мир и стабилност, дека земјите знаат да соработуваат и да придонесуваат кон колективната безбедност на евро-атлантската област.

Next Post

Седницата за законот за ЈО закажана за 21 часот

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk