Под мотото „Голема брзина на стоењето“ денеска во Скопје ќе се одржи седмото издание на уличниот уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест“.
Целта на овогодинешниот фестивал за улични живи статуи „Статуафест“ е да се каже „стоп“ на синдромот на брзо живеење.
Артистите кои ќе настапуваат на овогодинешниот фестивал се од продукција Театроск, организатор на фестивалот, што е поддржан од Министерството за култура и ВВ Тиквеш.